Во Тунис уапсен роднина на Амри
24 декември 2016Трите лица, кои се уапсени уште во текот на вчерашниот ден, се членови на една „терористичка ќелија“ кои биле во контакт со Анис Амри. Едно од уапсените лица е братучед на Анис. Тој призна дека со Амри по шифриран пат контактирал преку еден Арап. Неговиот братучед сакал тој да се заколне на верност на „Исламска држава“. Тој дури му пратил и пари.
Министерството за внатрешни работи во Тунис трите уапсени лица, на возраст меѓу 18 и 27. години, ги означи како една терористичка ќелија. Станува збор за лица кои се уапсени во местото Каируан, во регинот во кој живее и семејството на Амри. Каируан се смета за големо упориште на салафистите.
Според последните податоци на германската полиција, Амри во понеделникот управуваше со камионот со кој влета на божикниот панаѓур во Берлин. Терористичката милиција „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот.
Вчера се појави видео-снимка на која Амри ја искажува својата верност на ИД. Анис Амри е убиен во престрелка со италијанската полиција во миланската населба Сесто Сан Џовани.