Шестдневен штрајк на машиновозачите во Германија
5 мај 2015Неколкумина луѓе на келнската железничка станица се надеваат дека ќе најдат воз, Железницата најави дека ќе функционираат една третина од линиите. Но, многумина патници немаат среќа. Некои од нив си ги искажуваат маките:
„Се одлучив за воз, а првиот утрово отпадна. Сега отпадна и вториот...“
„..а отпаѓа исто и третиот, а тој е нашиот последен можен...“
„..така, авионот ни замина.“
„Неколку илјади евра пропаднаа“, резигнирано вели еден постар брачен пар.
„Ова е рамно на бесрамност. Едноставно речено, не е фер кон патниците. Тоа не треба да го префрлуваат врз грбот на патниците, туку да ја расчистат работата пред суд“, дополнува друг патник.
Работничката борба овде се‘ повеќе е борба за моќ: за Синдикатот на машиновозачите ГДЛ во прашање е неговата егзистенција покрај големата сестра-Синдикатот на железницата, ЕВГ. Зашто, од в лето треба да важи законот за тарифно единство, кој драстично ќе го ограничува правото на помалите синдикати како ГДЛ. Шефот на ГДЛ Клаус Везелски ги обвинува Германски железници за исчекување на законот, тие демантираат. Улрих Вебер од Германски железници тврди:
„Не играме на време. Не чекаме на никаков закон. Тоа би било неодговорно кон муштериите и нашите вработени. Сакаме резултати, и тоа со двата синдикати. Само од таа причина му понудивме на ГДЛ арбитража по сите точки.“
Но, малиот Синдикат на машиновозачите не сака никаква арбитража. Тој инсистира на апсолутната правна основа за штрајк, во интерес на своите членови.